Скендербег | |
---|---|
Драма за музика од Антонио Вивалди | |
Можен портрет на Антонио Вивалди, ок. 1723 година | |
Либретист | Антонио Салви |
Јазик | Италијански |
Премиера | 23 јуни 1718 |
Скендербег (италијански: Scanderbeg; РВ 732) ― опера (драма за музика) во три чина компонирана од Антонио Вивалди за италијанско либрето на Антонио Салви. За прв пат била изведена во Театарот на Пергола во Фиренца на 22 јуни 1718 година за да го одбележи повторното отворање на театарот за јавни претстави.[1] Додека либретото е зачувано, останале само фрагменти од изворната партитура.[2]
Улога | Вид на глас | Премиерен состав, 22 јуни 1718 година [3] |
---|---|---|
Скендербег, крал на Албанија | контраалт кастрато | Џовани Батиста Карбони |
Донека, неговата сопруга, преправена во овчарка | сопран | Франческа Куцони-Сандони, „Ла Пармиџана“ |
Арониз, Принц на Епир, татко на Донека, преправен во овчар | тенор | Антонио Ристорини |
Ормондо, гроф на Урана, армиски генерал | контраалт кастрато | Џовани Пјетро Сбараља, „Пешанецот“ |
Климен, капетанот на Скендербег | сопран (травести) | Ана Гуљиелмини |
Амурат II, владетел на Османлиите | тенор | Гаетано Моси |
Астерија, неговата ќерка | контралто | Агата Ланди |
Акомат, генералот на Амурат, вљубен во Астерија | сопран (травести) | Роза Вентурини |
Темата на операта е Скендербег, албанскиот јунак од 15 век.
Две арии од вториот чин на операта, „S'a voi penso, o luci belle“ (Ормондо) и „Con palme ed allori“ (Скендербег), може да се слушнат на арие ритровате, испеана од контралто Соња Прина со Римска академија (Accademia Bizantina), диригирана. од Отавио Дантоне (Naïve Records).
Фусноти
Извори