Скопски фестивал, Скопје фест или Фестивал на забавни мелодии Скопје — еден од главните музички настани во Македонија.
Фестивалот започнал во 1968 во Универзална сала во Скопје, и продолжил до 1980. Во ова кратко време, фестивалот станал еден од најголемите музички настани во Југославија. Скопје фест било местото каде познати македонски пејачи како Славе Димитров, Зафир Хаџиманов, Нина Спирова, настапувале заедно со југословенски изведувачи. Публиката уживала во повеќе од 50 песни.
Откако Македонија се осамостоила од Југославија, Скопје фест оживеал во 1994, и ја презел титулата за прв музички фестивал на Македонија од Макфест. Фестивалот вклучува некои од најдобрите македонски изведувачи, пеејќи оригинални песни испратени до МРТ, обично придружувани од оркестарот на МРТ (освен некои од последните изданија).
Фестивалот се користел за македонските национални селекции за Евровизија, уште од доцните 1990-ти. Првиот македонски претставник на Евровизија бил македонскиот пејач Владо Јаневски, кој победил на Скопје фест 1998 со песната Не зори зоро за Евровизија 1998.[1]