Славомир Новак

Славомир Новак
Министер за транспорт, градежништво и поморска економија на Полска
На должноста
18 ноември 2011 – 27 ноември 2013
Претседател Бронислав Коморовски
Премиер Доналд Туск
Претходник Сезари Грабарчик
Наследник Збигњев Ринасиевич
Член на Сејм
На должноста
8 ноември 2011 – 2 јануари 2015
На должноста
20 јуни 2004 – 20 октомври 2010
Изборна единица Гдањск
Шеф на Државни патишта на Украина
На должноста
19 октомври 2016 – 1 октомври 2019
Премиер Володомир Гројсман, Олексеј Гончарук
Лични податоци
Роден(а) 11 декември 1974(1974-12-11)(49 г.)
Гдањск, Полска
Партија Либерален Демократски Конгрес (1993-1994)
Слободна Унија (1994-2001)
Граѓанска Платформа (2001–)
Сопружник Моника Новак
Деца Јулиан, Наталиа
Установа Универзитет на Гдањск
Поморска Академија на Гдиња
Професија Политички науки

Славомир Ришард Новак (роден на 11 декември 1974 година во Гдањск) е полски политичар и бил државен функционер во Украина. Тој бил избран во Сејм на 25 септември 2005 година, освојувајќи 9.061 гласови во 25 област Гдањск како кандидат од листата на Граѓанската платформа.

Бил и член на Сејм 2001-2005 година.

Новак служел како шеф на избирачкиот штаб на кандидатот за претседател на Полска, Бронислав Коморовски, за време на претседателските избори во 2010 година.

Од 18 ноември 2011 до 27 ноември 2013 година ја извршувал функцијата министер за транспорт, градежништво и поморска економија.

На 24 октомври 2016 година тој бил назначен за шеф на украинската транспортна агенција Укравтодор и му било доделено украинско државјанство.[1][2] Тој бил разрешен од функцијата шеф на Укравтодор во септември 2019 година.[3]

На 20 јули 2020 година Новак бил лишен од слобода од Полското Централно антикорупциско биро (по заедничка истрага со Националното биро за борба против корупцијата на Украина[4]) под сомнение за корупција, управување со организирана криминална група и перење пари.[3] Според Националното биро за борба против корупцијата на Украина, претставници на Укравтодор „создале криминална организација чии активности биле насочени кон проневера на средства доделени од меѓународните организации за поправки на патишта во Украина“.[4]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. Another player for team of foreign officials working in Ukraine, UNIAN (25 October 2016)
  2. „Sławomir Nowak przyjął obywatelstwo Ukrainy“. Архивирано од изворникот на 2016-10-24. Посетено на 2024-04-25.
  3. 3,0 3,1 Poland's Anti-Corruption Bureau detains ex-minister who worked for Ukravtodor, UNIAN (20 July 2020)
  4. 4,0 4,1 Ukraine's NABU unveils details of detention of Ukravtodor's ex-head (Video), UNIAN (20 July 2020)

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]