Творец | Пол Гоген |
---|---|
Година | 1888 |
Димензии | 73 см × 91 см |
Место | Музеј „Ван Гог“ |
Сликарот на сончогледи (француски: Le Peintre de Tournesols) ― портрет на Винсент ван Гог од Пол Гоген во декември 1888 година.
Сликата е изложена во музејот „Ван Гог“ во Амстердам.
Портретот бил насликан кога Пол Гоген го посетил Ван Гог во Арл, Франција. Винсент го молел Гоген да дојде во Арл за да започне уметничка колонија. Гоген на крајот се согласил откако финансирањето за превозот и трошоците ги обезбедил братот на Винсент, Тео Ван Гог; сепак Гоген останал само два месеци бидејќи двајцата често се карале и познатиот инцидент каде Ван Гог го отсекол левото уво со брич, се случил по расправија со Гоген.[1]
Првиот впечаток на Ван Гог кога ја видел сликата бил дека Гоген го прикажал како луд. Подоцна го ублажил својот поглед. „После сето тоа, моето лице се осветли, но навистина бев јас, многу уморен и наполнет со електрична енергија како тогаш“.[2]