Оваа статија или заглавие има потреба од викифицирање за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме помогнете во подобрувањето на оваа статија со соодветни внатрешни врски. |
Слуз-цедење во грлото | |
---|---|
Податотека:Bronchitis1 copy.jpg | |
Слуз-цедење во грлото | |
Научна класификација | |
Вид: | Интерно заболување |
Течењето слуз од носната празнина до грлото е здодевна компликација на заболувањата на дишните органи и најчесто се повлекува по излекувањето на основната болест. Слузта е физиолошки производ на слузницата на носните канали, но кога се создава во преголеми количества, почнува да тече во грлото наместо да се излева низ носните празнини. Кога оваа состојба ќе стане хронична (пр. алергии или долготрајно воспаление на синусите, слузта може да истече во бронхиите предизвикувајќи кашлање со исфрлање на слузта. Бидејќи ова нарушување е најчесто симптом на друга болест, поволно е да се открие и излечи основната болест.
течењето на водлестата слуз од носната празнина во грлото, придружено со чешање на очите, носот, непцата или грлото, е последица на алергиски ринитис кој го предизвикуваат поленот,правта,животинските влакна и други алергени. Кај некои луѓе течењето на слузта во грлото го предизвикуваат други надразнувачки материи од околината, како чадот од цигарите или некои други отрови од воздухот. Ако течењето на слузта е придружено со болка во грлото,затнат нос и течење на носот,главоболка,ослабени сетила за мирис и вкус, тогаш се работи за вирусен ринитис-обична настинка. Повторното течење на слуз засилено со влажност на воздухот и додатен емотивен стрес, доведува до вазомоторен ринитис. Густата жолта или зеленикава слуз укажува на бактериска или вирусна инфекција на дишните органи. Ако секретот од носот е придружен со висока температура, тогаш станува збор за воспаление на синусите. Кај жени кои примаат хормонска терапија или користат естрогенски таблети за контрацепција, течењето на слуз може да се јави како придружна појава а и како мала компликација при бременоста.
Со помош на лабораториски анализи на слузта може да се утврди дали течењето на слуз е последица на алергија,ринитис или некоја друга болест.Лекарот ги прегледува носните канали и ако се покаже дека се во прашање синусите, потребно е рендгенско снимање.
Деконгестивите во капки или спреј што се купуваат без рецепт можат со отворање на носните канали да го ублажат течењето на слузта од носот во грлото. Долготрајната употреба на овие средства може да ја влоши состојбата па организмот да стане зависен од нив, а и е потребно долго време за одвикнување после долго користење. Луѓето со висок крвен притисок не смеат да користат орални деконгестиви без одобрение од лекар. Некои анхистаминици можат да предизвикаат сонливост и тогаш треба да се заменат со лекови кои нема да ги предизвикуваат тие промени.
Алтернативните облици на лекување се засноваат на намалување на количеството на слуз и лекување на основната болест:
вдишувањето пареа помага при прочистување на дишните патишта. За дневно вдишување се користат етерични масла од Евкалиптус(Eucalyptus globules), Мелалеука(Melaleuca spp.), Pузмарин(Rosmarinus officinalis) или Нане(Mentha piperita). За вечерно вдишување се препорачува масло од Лаванда(Lavandula officinalis) за подобар сон.
кинеската медицина препорачува водени раствори со смеса од некои традиционални билки во препишани временски интервали. Смесата ’’мал змеј’’ се користи за ублажување на носната дренажа. За ова треба советување со лекар.
видовата трева(eupharasia officinalis) може да помогне при сушењето на секретот од носот. Се прави инфуз или тинктура од листови или стебла или двапати дневно се пијат капсули од по 20 мг од приготвената билка.
При течење на густа или жолтозелена слуз во грлото, два дена се употребува Pulsatilla(12c), 3 до 4 пати на ден. За обична настинка се користи Nux vomica(12 c), 3 до 4 пати на ден, во текот на 2 дена, а за други видови слуз, хомеопатот ќе препише лековито средство соодветно на симптомите.
Неправилно одржуваните навлажнувачи можат да шират бактерии.
Оваа медицинска статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |