Софија Викторовна Никитчук е родена на 20 октомври 1993 година. Таа е руска глумица, модел и ја носи титулата за убавица прогласена на Мис Русија 2015 и ја претставувала својата земја на изборот за Мис на светот 2015 година.
Софија Никитчук е родена на 20 октомври 1993 година во Снежинск, Чељабинска област, Русија. Нејзината мајка Татјана била доктор, а татко и служел во руската војска. Таа завршила музички и уметнички училишта, посетувала часови по готвење и се занимавала со гимнастика и танцување. Откако Софија се преселила во Екатеринбург започнала да студира на Федералниот универзитет Урал.
Никитчук моментално студира на Факултетот за хуманистички науки и уметности на Федералниот универзитет Урал во Екатеринбург, Свердловска област.[1] Во 2015 година ја освоила титулата Мис Екатеринбург.[2]
Таа ја глумела улогата на Елена од Молдавија во историската ТВ-драмска серија „Софија“ во 2016 година.
На 18 април 2015 година Никитчук била прогласена за Мис на Русија 2015 година во луксузната концертна сала во селото Барвика во Москва.
Како „Мис на Русија 2015“, Никитчук ја претставувала својата држава на Мис на светот 2015 година. Таа била првопласираната на натпреварот на 19 декември.[3]