Република Ирска и Северна Ирска имаат различни правни толкувања на поимот град.
Историски, во Кралството Ирска и Обединетото Кралство, статусот на град бил формален (церемонијален), што значи дека местото уживало повеќе престиж од помалите места како околијата и паланката, но не подразбирал поголема правна власт. Ова важи и денес во Северна Ирска, како дел од Обединетото Кралство. Во Република Ирска пак, местата што се нарекуваат „град“ имаат посебна локална самоуправна власт.
Ова е список на денешни и поранешни населени места со правен статус на град. Разговорно, за градови се сметале и други места што не го уживале тој статус.
Име | Станал град |
Начин на доделување | Тогашна држава | Денешна држава |
---|---|---|---|---|
Даблин | 1172[1] | кралска повелба[1] | Господарство Ирска | Република Ирска |
Корк | 1185[2] | кралска повелба[2] | Господарство Ирска | Република Ирска |
Лимерик | 1199[3] | кралска повелба[3] | Господарство Ирска | Република Ирска |
Вотерфорд | 1206[4] | кралска повелба[4] | Господарство Ирска | Република Ирска |
Килкени | 1383[5] | кралска повелба[5] | Господарство Ирска | Република Ирска |
Дери (Лондондери) | 1604[6] | кралска повелба[6] | Кралство Ирска | Северна Ирска |
Белфаст | 1888[7] | уверение[7] | Обединето Кралство | Северна Ирска |
Голвеј | 1985 | парламентарен закон | Република Ирска | Република Ирска |
Арма | 1994[8] | уверение[8] | Обединето Кралство | Северна Ирска |
Њури | 2002[9] | уверение[9] | Обединето Кралство | Северна Ирска |
Лисберн | 2002[9] | уверение[9] | Обединето Кралство | Северна Ирска |
Име | Станал град |
Начин на доделување | Тогашна држава | Изгубил статус | Сегашна држава |
---|---|---|---|---|---|
Арма (првпат) | [8] | до 1226застареност[8] | Господарство Ирска | 1840 | Северна Ирска |
Даунпатрик („Даун“)[10] | [10] | до 1403Господарство Ирска | [10] | до 1661Северна Ирска | |
Клохер[11] | Господарство Ирска | 1801[12] | Северна Ирска | ||
Кашел | 1638[13] | кралска повелба[13] | Кралство Ирска | 1840 | Република Ирска |
|