Сродна душа (телесеријал)

Сродна Душа
Жанрдрама, теленовела, историска
Создадена одВалцир Караско
УлогиПрисцила Фантин
Едуардо Московис
Флавиа Алесандра
Ана Лусија Торе
Воведна темаAlma Gêmea, Fábio Júnior
Земја на потеклоБразил
Првичен јазикпортугалски
Бр. на епизоди150
Производство
Времетраење45 минути
Прикажување
Првична мрежаГлобо
Првично прикажување20 јуни 2005 – 10 март 2006
Хронологија
СледбеникМала Госпоѓица (2006)
Надворешни врски
Мрежна страницаredeglobo.globo.com/Novela/Almagemea/0,,4498,00.html

Сродна Душа (португалски: Alma Gemea) — историска бразилска теленовела. Серијата е снимена во Бразил во текот на 2005 година, со 150 епизоди. Серијата е сместена помеѓу 1928 и 1948 година. Првата епизода достигнала гледаност од 35% а последната 43% од населението.

Содржина

[уреди | уреди извор]

Кога тие двајца ќе се запознаат, ќе се роди љубов на прв поглед. Во многу кратко време, тие двајца се венчаат и добиваат дете. Меѓутоа, на денот кога Луна има премира на својата претстава каде таа е главна балерија, во театарот Муниципал во Саун Пауло и на тој ист ден кога Рафаел и поклонува бела ружа, се слуќува трагедија. Да се вратиме малку назад.... Од толку среќа, се нашол и натрапник, Кристина, роднината на луна и гувернертка во куќата, огорчена и чувствува како над неа се случила неправда. Луна е богата и венчана за Рафаел – сето она што Кристина само би можела да го посакува, а освен тоа Луна го наследила и скапоцениот накит кој го носела на денот на премиерата. Сета таа брачна идила е прекината после премиерата, кога Луна и Рфаел на излезот од театарот ги дочекуваат двајца бандити, од кој еден е обожавател на Кристина, и го краде скапоцениот накит. Рафаел, како би ја одбранил Кристина, реагира. Луна предвидувајќи како нејзиниот маж ќе биде ранет, се фрла на неговото тело и куршумот завршува кај неа. Луна итно е одвезена во болница, но не издржува и умира. Додека Рафаел очајува поради смртта на неговата жена, во другиот крај на државата во исто време се раќа Серена – ќерка на една Индијанка. Серена пораснува во индијанско племе и многу чудно се однесува. Понекогаш таа со часови го гледа езерото и во водата секогаш гледа еден цвет – бела ружа. Кога не го прави тоа, Серена дизајнира огромна куќа каква не постои во регионот, што привлекува внимание кај професорката Клејда. Клејда не може да ги објасин чудните појави кои и се случуваат на Серена и ги нарекува мистерија. Но, патријархот и објаснува дека внатре во Серена секој ден расти еден сон. Ако тој сон продолже да расте, таа кога ќе порасне, мора да отиде во потрака по сонот. Годините минуваат, Серена пораснува, а Рафаел никогаш не ја заборавил Луна. Се претвора во ладен, озбилен човек, затворен во севе, и веќе никогаш не успеал да одгледа ниту една ружа. Серена, сега веќе девојка, добива брачна понуда од Индијанецот Хосе Аристедес, но после што и умира мајка и, таа оди во потрага по сонот. Серена отпатува во Саун Пауло, и се вработува како слугинка во куќата на Рафаел. Кога Серена го погледнува Рафаел, открива дека го познава, но никоако не може да се сети од каде. Рафаел е вознемирен и се однесува безобразно. Серена чувствува необјаслива врска со куќата на Рафаел, а кога налетува на Фелипе, синот на Луна, чувствува неверојатен мајчински истинкт. И така почнува оваа голема приказна Серена и Рафаел, секогаш со силна врела мистерија, полна со необјасливи случувања и секогаш набиени со големи емоции.

Глумци Ликови
Присцила Фантин Серена
Едуардо Московис Рафаел
Флавиа Алесандра Кристина
Ана Лусија Торе Дебора
Елизабет Савала Агнес
Дрика Мораес Оливија

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]