Станбик банка е дел и членка од групацијата на Стандардна банка и се наоѓа во Јоханесбург, Јужна Африка.
Станбик банката била усвоена како трговско име во 1992 година, кога Групацијата Стандардна банка, тогаш позната како Стандардна банка инвестициска корпорација, ги купила африканските акции на АНЗ Гриндлејс банка . Новото име било усвоено за да не дојде до забуна со поранешната матична банка на Стандард банка, Стандард Чартерд банка, која продолжила со работа во Африка.
Стандард банката сега постои под името Станбик банка во државите Боцвана, Демократска Република Конго, Гана, Кенија, Малави, Нигерија, Јужен Судан, Танзанија, Уганда, Замбија и Зимбабве .
Групацијата Стандардна банка исто така пстои и како Стандардна банка во Намибија, Свазиленд, Јужна Африка, Лесото, Маурициус, Ангола и Мозамбик . Во Мадагаскар, групата е претставена од Универзитетската трговска банка .[1]
Во септември 2012 година, Станбик банка Танзанија обезбедила финансии со вредност од 3 милијарди американски долари за проектот за ископување на железната руда Мчучума и јагленот Лиганга во областа Лудева во новосоздадениот регион Њомбе во југозападна Танзанија .[2]
Во 2015 година, Станбик банка се соочила со скандал за измама со трансфер на пари од шведската амбасада на приватни сметки на поранешен вработен во амбасадата.[3]