Стефан Чолаковски | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Полно име | Стефан Чолаковски | ||
Роден на | 20 април 2000 | ||
Роден во | Мелбурн, Викторија, Австралија | ||
Висина | 1.77 м[1] | ||
Позиција | Напад | ||
Клупски податоци | |||
Сегашен клуб | Перт Глори | ||
Број | 77 | ||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
2017–2020 | Мелбурн Сити НПЛ | 41 | (14) |
2019–2022 | Мелбурн Сити | 46 | (3) |
2022– | Перт Глори | 0 | (0) |
Репрезентација ‡ | |||
2021–2022 | Македонија под 21 г. | 2 | (0) |
Стефан Чолаковски (роден на 20 април 2000 г.) — професионален фудбалер кој игра за австралискиот клуб Перт Глори. Роден во Австралија, тој имал настапи за македонската репрезентација под 21 година.[2]
Чолаковски е роден во Австралија и има македонско потекло. Неговите баби и дедовци се родени во Македонија, исто и неговиот татко.[3]
Настапувајќи во младинските категории на Мелбурн Сити три години, на 4 ноември 2019 година, Чолаковски го одиграл својот прв професионален натпревар во А лигата на Австралија против екипата на Велингтон Феникс.[4] На 1 февруари 2020 година, Чолаковски добил целосен професионален договор од Мелбурн Сити.[5]
Чолаковски го постигнал својот прв гол во А лигата на Австралија во дербито на Мелбурн во сезоната 2020–21, постигнувајќи го шестиот и последен гол во победата од 6–0 против екипата на Мелбурн Виктори.[6] Тој го постигнал вториот гол во дресот на Мелбурн Сити во победата од 2–0 против Макартур во полуфиналето од финалната серија од А лигата на Австралија, помогнувајќи му на својот клуб да се пласира во финалето. Мелбурн Сити го победил Сиднеј во финалето и за прв пат станал првак на Австралија.
Во јуни 2022 година било објавено дека Чолаковски потпишал двегодишен договор со Перт Глори.[7]
Чолаковски го прифатил повикот на селекторот на репрезентацијата на Македонија под 21 година, Благоја Милевски[8], и својот прв настап во македонскиот дрес го забележал на квалификацискиот натпревар за Европското првенство 2023 против Франција кој Македонија го загубила со 3–0. Тој исто така бил во почетниот состав на Македонија во ремито без голови со репрезентацијата на Србија.
Мелбурн Сити