Страде Бјанке 2020 — 14. издание на велосипедската еднодневна трка Страде Бјанке, која се одржила на 1 август како шести настан во сезоната на Светската турнеја.[1] Трката првично била закажана да се одржи на 7 март 2020 година, но била одложена на 1 август 2020 година поради пандемијата предизвикана од коронавирусот.[2]
Откако завршил трет на претходните две изданија на трката, Белгиецот Ваут ван Ерт од Џамбо-Висма ја освоил трката за помалку од пет часа откако се одвоил на 13 километри до целта.[3]
Бидејќи трката била додадена на Светската турнеја во 2017 година, сите UCI World Tour екипи биле поканети на трката, но не биле обврзани да учествуваат. На нејзе учествувале осумнаесет од деветнаесетте екипи, а дополнително биле поканети шест професионални континентални екипи со што се заокружила главната група од 25 екипи.[4]
Сите, освен две екипи, настапиле со седум возачи; АГ2Р-Ла Мондијал и Израел старт-ап нејшн настапиле со шест возачи. Од вкупно 166 возачи што ја започнале трката, само 42 завршиле, додека уште 8 возачи завршиле над временската граница.[5]
Екипи од Светската турнеја на UCI (18)ProTeams (6) |
![](//upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/e/e4/Wikidata-logo_S.svg/12px-Wikidata-logo_S.svg.png) |
[6]
Почетен состав