Страцин

За селото во Бургаската област, погл. Страцин (Бугарија).
Страцин
Страцин во рамките на Македонија
Страцин
Местоположба на Страцин во Македонија
Страцин на карта

Карта

Координати 42°09′02″N 22°01′55″E / 42.15056° СГШ; 22.03194° ИГД / 42.15056; 22.03194
Општина  Кратово
Население 130 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 1361
Шифра на КО 14023
Надм. вис. 748 м
Страцин на општинската карта

Атарот на Страцин во рамките на општината
Страцин на Ризницата

Страцин — село во Општина Кратово, во областа Средорек, во околината на градот Кратово.

Географија и местоположба

[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа во областа Средорек, во крајниот североисточен дел на Општина Кратово. Еден дел од населбата се наоѓа на патото Куманово - Кратово. Селото е ридско и планинско, односно раштркано, чии маала се издигаат на надморска височина од 600 до 900 метри. Оддалечено е 19 километри северозападно од Кратово, 28 километри западно од Крива Паланка и 31 километар источно од Куманово.

Историја

[уреди | уреди извор]

Страцин е населен уште од железното време, за што сведочи наоѓалиштето Градиште кај маалото Поповци.[2]

Во XIX век селото било дел од Кратовската каза на Отоманското Царство.

Стопанство

[уреди | уреди извор]

Население

[уреди | уреди извор]
Население во минатото
ГодинаНас.±%
19481.203—    
19531.282+6.6%
19611.365+6.5%
19711.046−23.4%
1981485−53.6%
ГодинаНас.±%
1991315−35.1%
1994273−13.3%
2002185−32.2%
2021130−29.7%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Страцин живееле 950 жители, сите Македонци.[3] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, во 1905 година во Страцин имало 1.000 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија и 30 Роми.[4]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 1.100 Македонци.[5]

Според пописот од 2002 година, во селото Страцин живеат 185 жители, од кои 182 Македонци и 3 Срби.[6]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 130 жители, од кои 125 Македонци, 1 Албанец, 1 останат и 3 лица без податоци.[7]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 950 1.030 1.203 1.282 1.365 1.046 485 315 273 185 130
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]


Страцин во 1970-тите години доживува драстично намалување на населението, така што за разлика од пописот во 1971, во наредната 1981, регистрирани се за 53 % од населението помалку или разлика за 561 жител.

Општествени установи

[уреди | уреди извор]
Зградата на училиштето „Христијан Тодоровски - Карпош“
Зградата на затвореното училиште

Во селото се наоѓа Основното училишта „Христијан Тодоровски - Карпош“. Порано во селото, било во функција друго oсновно училиште. Потоа училиште било затворено.

Самоуправа и политика

[уреди | уреди извор]

Културни и природни знаменитости

[уреди | уреди извор]
Црквата „Св. Димитриј“.
Споменици

Во декември 1997 година, во селото бил подигнат споменик за загинатите борци на НОБ од периодот 1941-1945 година односно за време на Втората светска војна, каде се наведени сите партизани што се по потекло од Страцин и градот Куманово, Кумановско и Кривопаланечко.

Цркви
Археолошки наоѓалишта[2]
  • Вражиград — градиште од доцноантичко време
  • Градиште — градиште од железното време
  • Чука — некропола-могила од римско време

Редовни настани

[уреди | уреди извор]

Личности

[уреди | уреди извор]
Пренос на моштите на македонските партизани загинати кај Страцин.
Споменикот на загинатите борци

Личности родени во Страцин:

Личности загинати во Страцин:

Култура и спорт

[уреди | уреди извор]

Иселеништво

[уреди | уреди извор]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 187-188. ISBN 9989-649-28-6.
  3. Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр.221.
  4. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.130-131.
  5. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  6. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  7. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  8. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  9. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  10. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  11. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  12. 12,0 12,1 12,2 12,3 12,4 12,5 Нивната борба за слобода, наш патоказ за иднината. Кратово: Општински одбор на СЗБ НОВ Кратово. 1985. стр. 61.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]