„Тајванска канаста“ — југословенски филм од 1985 година, во режија на Горан Марковиќ. Главните улоги ги толкуваат: Борис Комнениќ, Неда Арнериќ, Радко Полич, Предраг Манојловиќ итн.[1]
Саша е 40-годишен невработен архитект. Покрај сопругата, тој одржува љубовна врска со девојката Вања, а одржува контакти и со други жени. Истовремено, тој изработува подвижни скулптури кои никој освен него не ги сфаќа сериозно. Невротичен и несигурен, тој потполно им одговара на неколку сомнителни луѓе кои успеваат да му го наметнат своето влијание.[1]