Телевизијата во Македонија — за прв пат претставена во педесетите години на 20 век, а во 1964 година започнало емитувањето на сигналот на Телевизија Скопје. Денес во Македонија има број на слободни и заклучени телевизиски содржини кои се достапни преку различни сервиси, на кои има повеќе од 200 домашни, регионални и странски телевизиски станици.
Од 1 јуни 2013 година телевизиската содржина во Македонија се создава во дигитален формат, по гасењето на аналогниот земски сигнал низ целата држава. Дигиталната содржина е достапна преку земска мрежа, сателит, кабелска мрежа и интернет телевизија. Сепак, дел од кабелските оператори преку својата мрежа сè уште емитуваат аналоген сигнал.
Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги е задолжена за контрола на содржината која ја емитуваат домашните телевизиски станици и програмите што се реемитувани од телекомуникациските оператори.
По поставуањето на првиот VHF предавател на радиодифузниот објект на Црн Врв, во јуни 1964 година започнал да се емитува првиот телевизиски сигнал, а веќе до крајот на годината започнала со редовна работа Телевизија Скопје. До крајот на шеесетите години целата територија на Македонија била покриена со телевизиски сигнал. Во февруари 1971 година се започнува со работа првиот предавател во боја, а до крајот на 1974 година е целосно развиена мрежата на предаватели и репетитори на сигнал во боја. Светското првенство во кајак на диви води во август 1975 бил прв настан кој РТВ Скопје го пренесува меѓународно во боја. Во 1978 година започнала со работа втората програма на Телевизија Скопје.
Кон крајот на осумдесетите и почетокот на деведесетите години со либерализацијата на медиумскиот пазар, се отвораат голем број на национални, регионални и локални телевизиски станици.
Поради техничките ограничувања на аналогната телевизиска техника, преку истата на еден канал може да се пренесува само еден телевизиски сигнал, во стандардна резолуција (4:3 576i). За разлика, со дигитално кодирање на сигнал на еден канал можат да се пренесуваат повеќе телевизиски станици во висока резолуцја. Од тие причини, дел од европските држави преминот кон дигитална телевизија го започнале во деведесетите години. Поради сето ова, но и поради долгорочните планови да се ослободи дел од VHF и UHF подрачјето кое се користи за пренос на аналогна телевизија, во 2008 година започнала постапката за воведување на дигитално земско емитување.
Дигиталната телевизија во Македонија беше започната во ноември 2009. Платформата е лансирана од страна на операторот ONE под името "BoomTV", која потоа беше преземена од Vip при спојувањето на двата мобилни оператори и истата се нудеше под името Vip TV Lite, а потоа се преименува во A1 TV Lite, од кога A1 ја купи Vip. Каналите во стандардна дефиниција се емитуваат преку MPEG-2 методот за компресија, а каналите во висока дефиниција се емитуваат преку MPEG-4 методот за компресија. Околу шеесет канали се достапни за гледање, меѓу кои спаѓаат и сите национални телевизиски мрежи, вклучувајќи ја Македонската Телевизија. Дигиталната телевизија во Македонија моментално е достапна за 95% од населението во Македонија.
На 17 ноември 2008 година, Македонски Телеком ја вовел првата IPTV (интернет телевизија) платформа во Македонија, наречена „MaxTV“ која ги пренесува содржините преку интернет протокол. На 17 февруари 2016 година Неотел, под брендот „NeoTV“ ја вовел својата платформа за интернет телевизија. Поради далеку поголемиот проток на податоци возможен преку интернет протокол, овие оператори се во можност да понудат далеку поголема количина на содржини во висока резолуција споредно со класичните начини за пренос. Интернет протоколот исто така овозможува пристап до т.н. содржини по желба (англиски: on demand), како видеотека на телевизиска содржина емитувана во одреден претходен период и ризница на филмски и останати содржини, услуги кои се дел од понудата на двата оператори. Ова ја прави интернет телевизијата далеку поинтерактивна и богата со други содржини кои не се возможни кај други видови на пренос, пред сè поради практичните технички ограничувања.
Кабелската телевизија е високо развиена во Македонија, со пенетрација до 67% во македонските домаќинства. Вкупно има 49 услужници на кабелска телевизија во Македонија, од кои најистакнати се кабелските оператори A1 (поранешен Vip) и Телекабел, кои држат окопу 80% од пазарот. Истите овие два кабелски оператора нудеа телевизиски пакети преку аналоген сигнал сè додека пред почетокот на 2021 година операторот А1 го изгаси аналогниот сигнал, сега само Телекабел нуди аналоген сигнал. Дигитален сигнал нудат и двата оператори, а од почетокот на 2007 година нудат и Трипл плеј (TriplePlay) пакети.
Година | Вкупно претплатници | Процент на домаќинстваа | Кабелска телевизија | Учество | Интернет телевизија (IPTV) | Учество | ![]() |
Учество | Сателитска телевизија | Учество |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
2010[1] | 238.695 | 41,24% | 165.028 | 69,14% | 30.123 | 12,62% | 42.890 | 17,97% | 654 | 0,27% |
2011[1] | 251.584 | 43,33% | 159.539 | 63,41% | 40.129 | 15,95% | 50.435 | 20,05% | 1.481 | 0,59% |
2012[2] | 278.140 | 47,76% | 172.835 | 62,14% | 66.541 | 23,92% | 37.452 | 13,47% | 1.312 | 0,47% |
2013[3] | 339.923 | 58,19% | 178.955 | 52,65% | 88.125 | 25,92% | 58.277 | 17,14% | 14.566 | 4,29% |
2014[4] | 358.833 | 61,24% | 185.608 | 51,73% | 98.798 | 27,53% | 58.506 | 16,30% | 15.921 | 4,44% |
2015[5] | 381.110 | 64,84% | 209.600 | 55,00% | 103.028 | 27,03% | 50.929 | 13,36% | 17.553 | 4,61% |
2016[6] | 392.747 | 66,61% | 219.075 | 55,78% | 108.820 | 27,71% | 45.380 | 11,55% | 19.472 | 4,96% |
2017[7] | 394.376 | 66,68% | 214.086 | 54,28% | 118.432 | 30,03% | 41.506 | 10,52% | 20.352 | 5,16% |
2018[8] | 405.167 | 68,30% | 210.191 | 51,88% | 128.855 | 31,80% | 44.347 | 10,95% | 21.774 | 5,37% |
2019[9] | 418.323 | 70,30% | 212.754 | 50,86% | 137.745 | 32,93% | 45.330 | 10,84% | 22.494 | 5,38% |
2020[10] | 420.182 | 70,40% | 208.803 | 49,69% | 144.576 | 34,41% | 43.009 | 10,24% | 23.794 | 5,66% |
2021[11] | 426.865 | 71,31% | 209.064 | 48,98% | 150.224 | 35,19% | 42.097 | 9,86% | 25.480 | 5,96% |
Заклучно со јуни 2023 година во Македонија постојат 52 активни телевизиски канали, од кои осум се програмски сервиси на државната МРТ, а останатите 44 се приватни комерцијални телевизиски станици. Од нив, 11 се со национална, 18 со регионална, а пак 15 со локална покриеност.[12][13]
Македонската радио-телевизија како јавен сервис во Македонија има осум програмски сервиси, од кои шест се емитуваат на државно ниво, а два се емитуваат преку сателит и се наменети за македонската дијаспора.
Сервиси на МРТ кои се емитуваат преку земски мултиплекс
Програма | Мултиплекс | Ниво на емитување | Вид | Јазик | Седиште | |
---|---|---|---|---|---|---|
МРТ 1 | ![]() |
![]() |
национално | колажен | македонски | Скопје |
МРТ 2 | ![]() |
![]() |
национално | колажен | албански | Скопје |
МРТ 3 | ![]() |
![]() |
национално | спортски | македонски | Скопје |
МРТ 4 | ![]() |
![]() |
национално | колажен | турски, српски, влашки, босански и ромски | Скопје |
МРТ 5 | ![]() |
![]() |
национално | детски | македонски | Скопје |
МРТ собраниски канал | ![]() |
![]() |
национално | собраниски сервис | двоен тон (мак. и алб.) |
Скопје |
Сервиси на МРТ кои се емитуваат преку сателит
Програма | Сателит | Достапност | Вид | Јазик | Седиште | |
---|---|---|---|---|---|---|
МРТ Сат | ![]() |
BulgariaSat-1 (1.9° E) 12169 V |
Европа | колажен | македонски | Скопје |
МРТ 2 Сат | ![]() |
Европа | колажен | албански | Скопје |
Во Македонија има 11 приватни телевизиски станици кои имаат дозвола за емитување на национално ниво од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. Од нив, пет станици, членки на Македонската медиумска асоцијација, се достапни преку земската дигитална мрежа на мултиплекс под концесија на А1 Македонија, а еден е достапен преку сателит. Останатите пет телевизии се достапни само преку кабелските мрежи.
Телевизиски станици кои се емитуваат преку земски мултиплекс
Програма | Мултиплекс | Ниво на емитување | Вид | Јазик | Седиште | Мрежно место | |
---|---|---|---|---|---|---|---|
Алсат М | ![]() |
![]() |
национално | колажен | македонски и албански | Скопје | alsat.mk |
Алфа ТВ | ![]() |
![]() |
национално | колажен | македонски | Скопје | alfa.mk |
Канал 5 | ![]() |
![]() |
национално | колажен | македонски | Скопје | kanal5.mk |
Сител | ![]() |
![]() |
национално | колажен | македонски | Скопје | sitel.com.mk |
Телма | ![]() |
![]() |
национално | колажен | македонски | Скопје | telma.com.mk |
Телевизиски станици кои се емитуваат преку сателит
Програма | Сателит | Достапност | Вид | Јазик | Седиште | Мрежно место | |
---|---|---|---|---|---|---|---|
ТВ 21б 2 | ![]() |
Eutelsat 16A (16° E) 12537 V |
Европа | колажен | македонски и албански | Скопје | tv21.mk |
Телевизиски станици кои се емитуваат само преку кабелски оператори
Програма | Ниво на емитување | Вид | Јазик | Седиште | Мрежно место | |
---|---|---|---|---|---|---|
ТВ 24б 3 | ![]() |
национално | колажен | македонски | Скопје | 24.mk |
Наша ТВб 3 | ![]() |
национално | колажен | македонски | Скопје | nasatv.com.mk |
Клан ТВ | ![]() |
национално | колажен | албански | Скопје | klanmk.mk |
ТВ Шења | ![]() |
национално | колажен | албански | Скопје | shenja.tv |
ТВ Сонце | ![]() |
национално | колажен | македонски | Скопје | tv-sonce.com |
Телевизиски станици кои се емитуваат преку земски мултиплекс
Програма | Мултиплекс | Ниво на емитување | Вид | Јазик | Седиште | Мрежно место | |
---|---|---|---|---|---|---|---|
ТВ Едо | ![]() |
![]() |
Д1 Црн Врв (СК) | колажен | македонски | Скопје | edo.com.mk |
ТВ ЕРА | ![]() |
![]() |
Д1 Црн Врв (СК) | колажен | албански | Скопје | era.com.mk |
МТМ 1 Скопска | ![]() |
![]() |
Д1 Црн Врв (СК) | колажен | македонски | Скопје | mtm.mk |
Б1 ТВ | ![]() |
![]() |
Д1 Црн Врв (СК) | колажен | македонски и ромски |
Скопје | / |
КТВ Телевизија | ![]() |
![]() |
Д1 Црн Врв (ВЕ) | колажен | македонски | Кавадарци | ktv.mk |
ТВ Коха | ![]() |
![]() |
Д8 Попова шапка | колажен | албански | Тетово | tvkoha.tv |
Телевизиски станици кои се емитуваат само преку кабелски оператори
Програма | Ниво на емитување | Вид | Јазик | Седиште | Мрежно место | |
---|---|---|---|---|---|---|
Тера ТВ | ![]() |
Д5 Пелистер | колажен | македонски | Битола | tera.mk |
ТВМ ТВ | ![]() |
Д6 Мали Влај | колажен | македонски | Охрид | tvm.mk |
ТВ Стар | ![]() |
Д3 Туртел | колажен | македонски | Штип | tvstar.com |
ТВ Вис | ![]() |
Д4 Боскија | колажен | македонски | Струмица | kanalvis.com |
ТВ Ирис | ![]() |
Д3 Туртел | колажен | македонски | Штип | / |
ТВ Кобра | ![]() |
Д4 Боскија | колажен | македонски | Радовиш | / |
ТВ Полог | ![]() |
Д8 Попова Шапка | колажен | албански и македонски | Тетово | pollogu.mk |
ТВ ТопЕстарда | ![]() |
Д8 Попова Шапка | забавен | албански | Тетово | topestrada.tv |
ТВ 3 | ![]() |
Д7 Стогово | колажен | македонски, албански и турски | Дебар | / |
Kiss&Менада ТВ | ![]() |
Д8 Попова Шапка | колажен | македонски | Тетово | k&m.mk |
ТВ м»нет | ![]() |
Д3 Туртел | колажен | македонски | Штип | / |
Вистел | ![]() |
Д1 Црн Врв (Ск) | колажен | македонски | Скопје | vtv.mk |
Телевизиски станици кои се емитуваат само преку кабелски оператори
Документарни канали со превод на македонски јазик:
Детски канали со превод на македонски јазик:
Тинејџерски и семејни канали со превод на македонски јазик:
Филмски канали со превод на македонски јазик:
Забавни канали со превод на македонски јазик: