Телма | |
---|---|
Отпочната | 1996 |
Сопственик | Макпетрол А.Д. - Скопје |
Држава | Македонија |
Јазик | македонски |
Област на емитување | Македонија |
Веб-страна | telma.com.mk |
Достапност | |
Терестријална телевизија | |
Аналогна | Канал ? |
Дигитална | Канал ? |
Boom TV | Канал 007 |
Сателитска телевизија | |
Total TV | Канал ? |
Кабелска телевизија | |
Blizoo | Канал 010 |
Telekabel | Канал ? |
Достапна на повеќето кабелски оператори | Проверете ги локалните оператори за достапност |
IPTV | |
Max TV | Канал 005 |
Семрежно емитување | |
WebMax TV | Гледај во живо Само (MKD) |
OnNet | Гледај во живо Само (MKD) |
Телма — македонска национална ТВ-куќа основана во септември 1996 година во Скопје, како една од приватните телевизиски станици во Македонија. Нејзин основач и сопственик е Макпетрол А.Д. — Скопје. Телевизија Телма е една од петте телевизии кои, на конкурсот на Владата на Република Македонија во 1998 година, добила концесија за седумгодишно емитување на програма на подрачјето на град Скопје. Името „Телма“ се добива со комбинација на „Телевизија“ и „Макпетрол“.
Во ТВ-Телма се ангажирани над 150 вработени и голем број надворешни соработници - телевизиски творци од сите области. Ним на располагање им стојат две студија (од 60 и од 250 метри квадратни) и најсовремена дигитална телевизиска техника. Директор на телевизијата е Снежана Лупевска
Телевизија Телма емитува програма во траење од 18 до 20 часови. Програмската шема ја сочинуваат три заокружени целини: информативната, забавно-рекреативната и културно-уметничката и документарна програма.
Основен нејзин белег е информативната програма. Централните вестите на Телма се сметаат за едни од најверодостојните во Македонија. Вестите се емитуваат секој ден од 18:30 и 21:30 часот. Во рамките на информативната програма еднаш неделно се подготвува и актуелно интервју во рамките на емисијата Топ тема, а се подготвуваат и други информативно-политички емисии од магазински тип: Време, Баланси, Досие, Светот денес и други.
|