Теорија на еден куршум, позната и како Теорија на магичниот куршум — теорија која е направена од Вореновата комисија со цел да се објасни како трите куршуми кој ги испукал Ли Харви Освалд довеле до атентат на претседателот на САД, Џон Кенеди.
Теоријата, која се препишува на членот на Вореновата комисија, Арлен Спектер (сега американски сенатор), тврди дека само еден куршум, означен како доказ за Вореновата комисија 399 (Commission Exhibit 399 или CE399), ги предизвикал сите нефатални рани кај претседателот Кенеди и гувернерот на Тексас, Џон Конали. Раната во глава која го усмртила претседателот ја предизвикал вториот куршум.
Според Теоријата на еден куршум, еден инч долг, 6,5 милимитарскиот куршум направен од бакар и олово, испукан од прозорец на шестиот кат поминал низ вратот на Кенеди, градите и зглобот на раката на Конали и се забил во задникот на Конали. При тоа поминал низ 15 слоеви на ткаенина, 7 слоеви на кожа, приближно 15 инчи ткиво, удрил во јазолот на вратоврската, отстранил 4 инчи ребра и скршил шест подлактици. Куршумот кој ја предизвикал ова штета не бил најден во креветот на Конали, туку во соседниот кревет во болницата во Далас. Бакарниот дел останал потполно недопрен, но опашката на истиот е латерално компресирана од едната страна.
Во својот заклучок, Вореновата комисија нашла уверливи докази од стручни лица дека еден куршум предизвикал рана на вратот на претседателот Кенеди и сите рани на гувернерот Конали. Се вели дека постои разлика во мислењата меѓу членовите на комисијата за веројатноста на ова појава но истакнува дека оваа теорија не е од клучно значење за заклучоците на комисијата и дека сите чкенови на комисијата без двоумење се согласуваат дека сите куршуми биле испукани од истиот прозорец на шестиот кат.