Термера (старогрчки: Τέρμερα), познатa и како Термерум или Термерон (Τερμερον), ― поранешен поморски град на античка Карија на јужниот брег на полуостровот Халикарнас, во близина на 'ртот Термериум.[1][2][3] Стефан Византионски погрешно го ставил градот во Ликија.[4] Таа бил полис (град-држава) и член на Делискиот Сојуз.[5] За време на римското владеење, овој дорски град бил слободен град. Според делото Суда, местото го создало пословичниот израз Τερμέρια κακά (Термерија кака), кој бил користен како затвор од страна на владетелите на Карија.[6] Во грчката митологија, бил основан од Термер, по кого го добила името.
Нејзината местоположба се наоѓа во близина на Асарлик, азиска Турција.[7][8]
Смит, Вилијам, уред. (1854–1857). „Termera“. Речник на грчката и римската географија. Лондон: John Murray.