Парче тиквеник | |
Дел од оброкот | десерт или закуска |
---|---|
Место на потекло | Македонија, Бугарија, Србија |
Температура на послужување | топло и ладно |
Главни состојки | брашно, вода, тиква |
Тиквеник – пита, баница со тиква.[1] Понекогаш може да се додаде канела, морско оревче или слични зачини, како и суво грозје, рендана кора од лимон или кршени ореви. Баницата обично се посолува со шеќер во прав, а може да се сервира топло или ладно.
Се замесува тесто од 600 гр брашно, 2 лажички сол, 300 мл млака вода, 50 мл масло и се дели на 4 дела. Четирите топчиња се премесуваат двапати, се валаат во брашно, се ставаат во кеса и се покриваат со крпа. Тестото се остава да одмора 1 час.
Во меѓувреме се ренда свежа тиква, 600 гр и се меша со 3 лажички канела. Се подготвува прелив од 200 гр путер и 200 мл путер, така што истите се загреваат сè додека путерот не се растопи и убаво да се врзат.
Топчињата тесто се сукало се развлекуваат во кори на кои се нанесуваат 2-3 лажици прелив и потоа се тегнат (што потенко). Повторно се напрскува со 3-4 лажици прелив и двата долги краја се преклопуваат до средината на кората, па повторно се напрскува со 2-3 лажици прелив. Другите два краја се преклопуваат да се добие убав правоаголен облик. На средината на кората се наросува околу 60 гр шеќер, една четвртина од ренданата тиква со канела. Врз филот се наросуваат 2 лажички гриз.
Постапката се повторува за сите кори. Корите се редат во тепсија и врз ролатите се ставаат 4-5 лажици од преливот. Се пече во загреана рерна на температура од 200 степени околу 25-30 минути. По печењето се оставаат малку да оладат, се сечат на помали парчиња и се наросуваат со шеќер во прав.