Тина Леијонберг | |
---|---|
![]() Тина Леијонберг во ноември 2012 година. | |
Роден(а) | Тина Ела Катарина Леијонберг 11. февруари 1962. Еслов, Шведска |
Занимање | ТВ презентер, пејачка, Глумица |
Тина Ела Катарина Леијонберг, (родена на 11 февруари 1962 година) е шведска пејачка, телевизиска водителка и глумица.
Лејонборг е родена во Еслов и со семејството се преселила во Лунд на деветгодишна возраст.[1] Таа започнала да танцува балет на четиригодишна возраст и се школувала на Балетакадемиен во Гетеборг, а потоа студирала музика во Лос Анџелес, САД во 1988 година и го продолжила своето образование во рамките на театарот во Гетеборг.[2]
Лејонберг работела како глумица и пејачка во градскиот театар Стокхолмс помеѓу 1991 и 1992 година и повторно во 2002 година. Таа исто така работела како телевизиска водителка во Шведска Телевизија, презентирајќи ја „Отворено во недела“ во 1996 година, на местото на Алис Бах.[2] Пред тоа глумеше во драмската серија „Три круни“ што се емитуваше на ТВ4, како ликот Пила.[2] Лејонберг гостувала низ целиот свет со пејачот д-р Албан, пеела џез, блуз, рок, и со биг бенд, таа учествувала во бар-шоуа наречени Крогшоуер со Јане Карлсон, Ласе Бергаген и Венче Михре.[2][3][4] Лејонберг исто така била дел од неколку мјузикли како што се „Брилијантин“, „Евита“, „Слава“ и „Сонце, ветер и вода во кинескиот театар.“[5] Таа играла и во пародии во Линчопинг и како собарка во претставата „Содеркикар“ во Булевартетерн во 2003 година, ја играла Лајза Минели во божиќна претстава во Гранд хотел истата година.[2][6] Тина Лејонберг учествувала на Мелодифестивал двапати, прво во 1993 година, а потоа во 1995 година, каде и двапати не беше пласирана.[2] Таа глумела во реклама за Vanish.[7]
Во 2004 година, Лејонберг беше на аудиција за една од улогите во шведската верзија на хит мјузиклот Мама Миа, но сепак ја изгубила улогата од Гунила Бакман.[8]
Во 2010 година, Лејонберг беше избрана од членовите на рок групата Квин да глуми како главна женска улога во шведската адаптација на мјузиклот „We Will Rock You“ на Циркус во Стокхолм.[2][7]