Тиркизен синец | |
---|---|
Мажјак, примерок сликан во Македонија. | |
Мажјак, примерок сликан во Македонија. | |
Научна класификација [ у ] | |
Непознат таксон (попр): | Polyommatus |
Вид: | Тиркизен синец |
Научен назив | |
Polyommatus dorylas ([Denis & Schiffermüller], 1775) |
Тиркизниот синец (Polyommatus (Plebicula) dorylas) е пеперутка од видот на пеперутки синци.
Оваа пеперутка живее во Јужна Европа, Мала Азија, Урал и Кавказ. Пеперутката живее на места со надморска висина од 500 до 2000 метри.
Распонот на крилјата на пеперугата е од 15 до 17 мм. Горната страна на крилјата е воглавно во сина боја. Основната боја е светлосина, промешана со темносина. Вените на крилјата се во светлосина боја. Рабовите на крилјата се во бела боја, а има и црна бордура. Телото на пеперугата е во светлосина боја, а антените во црна и бела. Долната страна на крилјата е во сосема друга боја, односно кремаста. Крилјата се исшарани со црни, портокалови и бели дами со различна големина и форма. Рабовите повторно се бели со тенка црна бордура. Возрасните единки летаат од мај до септември и имаат по две генерации.[1]
Подвидови на пеперугата се:
|