Тодор — македонско, бугарско и српско име, месен превод на името Теодор.[1] Унгарскиот облик на името е преведувано слично како Тодор (Tódor).
Како облик на името Теодор, Тодор на крајот потекнува и од грчкото име Теодорос (Θεόδωρος) што означува „дар од Бога", од теос (θεός; бог) и дорон (δῶρον; дар).[2] Словенски еквиваленти со слично значење се Божидар и Богдан. Англиското име Тод е исто така слично, но има различно значење.
Македонските деминутиви се Тоше, Тошо и Тодорче, додека бугарските деминутуви се Тоше, Тошо и Тошко.
![]() |
Тука се наведени личности со исто лично име. Ако тука ве одведе внатрешна врска, ви препорачуваме да ја измените за да води право на посакуваната статија. |