Томо е девојка! (јапонски: トモちゃんは女の子!, англиски: Tomo-chan Is a Girl!) — четирикадарска манга (јонкома) напишана и илустрирана од Фумита Јанагида. Објавена била преку твитер-сметката Twi4 и веб-страницата Saizensen од април 2015 до јули 2019 г. Издадена е во осум тома танкобон.[1] Студиото Lay-duce ја адаптирало мангата во аниме-серија, која се прикажувала од јануари до март 2023 г.[2][3]
Томо Аизава е машкуданка што веќе долго време е заљубена во својот најдобар другар од детството Џуничиро Кубота, кој ја доживува како машко, а не како женско. Томо многупати залудно се обидува да си ја признае својата љубов на Џуничиро и понекогаш, не добивајќи го очекуваното внимание од него, го тепа. Томо често бара совет за развојот на својата врска од соученичката Мисузу Гундо, со која Томо и Џуничиро се другари уште од детството.
Томо Аизава (јап. 相沢 智) — главната јунакиња на приказната. Се занимава со спорт и боречки вештини, поточно е член на машкиот клуб за карате каде што е префрлена поради нејзината сила. Томо се бори да ја признае својата љубов кон својот другар од детството Џуничиро.
Џуничиро Кубота (јап. 久保田 淳一郎) — другар од детството и љубовен интерес на Томо. Тој не ги забележува обидите на Томо да му ја признае својата љубов и ја греши за машко.
Мисузу Гундо (јап. 群堂 みすず) — другарка на Томо од детството и поранешна девојка на Џуничиро. Таа е мирна девојка што ретко покажува чувства и ја следи врската помеѓу Томо и Џуничиро.
Керол Олстон (јап. キャロル・オールストン) — соученичка на Томо, далечна роднина на Косуке Мисаки. Таа е ученичка од Англија, ќерка на богати родители. Прилично лекомислена девојка што сè сфаќа буквално.
Косуке Мисаки (јап. 御崎 光助) — капитен на машкиот клуб за карате каде што тренира Томо. Далечен роднина на Керол, со која имал тешки односи.
„Томо е девојка!“ на Ризницата ? |