Книжевност |
---|
Основни облици
|
Родови |
Епика · Лирика · Драма |
Извори |
Форми |
Историја и списоци |
Општ преглед на книжевноста |
Дискусија |
Тон во книжевноста го означува ставот на писателот кон, или чувствата за, одредената тема или публика.[1][2][3][4][5][6][7][8] Во овој контекст, поимот тон дополнително се однесува и за другите создадени медиуми кои вклучуваат диктирање на зборови за да се предизвика емоционален одговор.
Во зависност од личноста на писателот и ефектите кои тој сака да ги постигне, делото може да биде формално или неформално, воздржан или каприциозно, потврдувачко или молбено, директно или ликаво.[9] Кога еден писател замислува или опишува фрази, тој може да пренесува директни емоции - оптимизам, ентузијазам, рамнодушност, отстапување или несогласување.[10] Некои други примери за книжевен тон се: ведрина, комичност, удостојување, шеговитост, забавност, тежина, интимидираност, иронија, ведрина, разиграност, тага, сериозност, самотија и закана.
Тонот и расположението не се исти, иако често се збунуваат од страна на луѓето. Расположението, или атмосферата, на книжевното дело е чувството или самата атмосфера која е создадена со делото, или со други зборови како делото го прави читателот да се чувствува. Расположението често се постигнува преку времето и местото на наративот, темата, гласот и тонот, додека пак од другата страна тонот се однесува или пренесува како авторот се чувствува за дадената тема.
Сите книжевни дела, дури и официјални и технички документи, имаат до одреден степен тон. Авторите го создаваат тонот преку употреба на различни други книжевни елементи, како што се „дикцијата“ или зборовниот избор, „синтаксата“, граматичката поставеност на зборовите во текстот, детали, факти кои се претставени/ непретставени, композицијата на неповрзани/ поврзани елементи и слично.
Денес овој поим се користи и во книжевноста, но првично се користел само за музиката. Овој поим претставувал став или чувство на говорникот (во поезијата), раскажувачот/ раскажувачот (во фикцијата), или авторот кон темата, ситуацијата и публиката. Општо гледано, тонот на делото се однесува на ставот на авторот.[11] Во голем број дела, тонот може да се промени во зависност од перспективата на раскажувачот. Што се однесува за службени документи, тонот е скоро секогаш формален.