Тони Симиќ | |
---|---|
Позиција | Центар (како играч) Тренер |
Висина | 2,10 м |
Тежина | кг |
Лига | Втора македонска кошаркарска лига |
Клуб | Баскет Кам |
Број | 8 |
Роден | 8 јуни 1976 Скопје, СР Македонија, СФРЈ |
Националност | Македонец |
Проф. кариера | 1993–2016 |
Клубови | |
Како играч: | |
1993-1998 | МЗТ Аеродром |
1998-2005 | Работнички |
2005 | Котвице |
2005-2009 | Работнички |
2009-2010 | Вардар Осигурување |
2010 | Торус |
2010-11 | Работнички |
2011-2014 | Лирија |
2014-2015 | Фени Индустри |
2015-2016 | Работнички |
Како тренер: | |
2018–2020 | Партизан Водно Санс |
2021– | Баскет Кам |
Репрезентација | |
Инфо од: 13.03.2021. |
Тони Симиќ (роден на 8 јуни 1976 во Скопје) — македонски поранешен кошаркар и репрезентативец. Тони Симиќ играл на центарската позиција. Тој е моментално тренер на Баскет Кам.
Тони Симиќ имал кратка меѓународна кариера во полски Котвице во 2005 година кога на почетокот на сезоната одиграл два натпревари.[1][2]
Во летото 2010 година, откако клубот од претходната сезона Вардар Осигурување се распаднал, Симиќ потпишал договор со Торус. Но таму не останал долго и веќе во септември бил во редовите на Работнички во пресрет на сезоната 2010/11.[3] Таа сезона, Симиќ со Работнички го освоил Купот на Македонија 2011, а и бил вицепрвак во Првенството.
Откако бил без клуб во сезоната 2015/16, во декември Симиќ потпишал за второлигашот Гостивар.[4][5] Во 2016 година Симиќ се пензионирал како кошаркар и станал тренер на младинската школа на Работнички.[6] Потоа Симиќ станал младински тренер на Партизан Мулти Шпед.[7] Во сезоната 2018/19, Симиќ станал тренер на сениорите на Партизан Мулти Шпед Водно Санс, екипа која се натпреварувала во Втората лига.[8] Следната сезона, Симиќ продолжил како тренер на Партизан Водно Санс.[9] На полусезоната од сезоната 2020/21, Симиќ го напуштил Партизан Водно Санс и се преселил во Баскет Кам.[10][11]
Титули[уреди | уреди извор]МЗТ Аеродром[уреди | уреди извор]
Работнички[уреди | уреди извор]
|
Признанија[уреди | уреди извор]
|