Трипо Кокоља | ||
Роден | 28 февруари 1661 Пераст | |
---|---|---|
Починал | 18 октомври 1713 Корчула | (возр. 52)
Трипо Кокоља, (28 февруари 1661 во Пераст - 18 октомври 1713 на Корчула) — бокељски сликар.
Сликарство учел, најверојатно, во Венеција. Најзначајно негово дело во сликарството е декорацијата на внатрешноста на црквата Госпа од Шкрпјела на островцето пред Пераст.
Сликите на Кокоља се изразито барокни, полни со темперамент и динамика, но квалитативно невоедначени, носејќи честопати изразит провинциски печат. Доминантно кај нив е влијанието на венецијанското сликарство од 17 век. Кокоља прв го внел пејзажот и мртвата природа како самостојна тема во барокното сликарство на Далмација.