Од 1618 до 1619 година, Холандската влада во името на Холандската реформирана црква ги повикала и одржала Дортскиот синод. Холандските делегати, заедно со дваесет и седум реформирани претставници од осум други земји, се сретнале на Дортскиот синод и ги сумирале нивните погледи во документот кој се нарекува „Каноните од Дорт“.[1]
Истиот Синод потоа ги додал овие канони во два други документи, кои заедно биле во редовна употреба во Холандската црква од тоа време: Хајделбершкиот катехизис (1563) и Белгиската исповед (1561).[2]
Со тоа Синодот имал за цел:
Да ги формализира разбирањата на библиските учења за Светото Тројство, отелотворувањето, предодредувањето, оправдувањето и црквата.
Да им овозможи на членовите да се собираат заедно во единство околу основните споделени верувања.
Да им даде понизок статус на помалку суштествените идеи (политички позиции, образовни платформи итн.) за да спречи непотребни поделби во црквата. Формите на единство исто така даваат основа врз која можат да продолжат екуменски напори зависно од тоа дали истите се во согласност на овие веќе воспоставени форми.
Различните документи служат за различни цели.
Катехизисот е напишан во формат на прашања и одговори за да помогне во објаснување на библиските учења на децата и оние кои се нови во верата.
Исповедта ги објаснува разните библиски учења.
Каноните се низа технички одговори на специфични теолошки полемики покренати од холандските ремонстранти како резултат на дебатата меѓу Жан Калвин и Јакоб Aрминиj.