Бидејќи трката била додадена на Светската турнеја во 2019 година, сите UCI World Tour екипи биле поканети на трката, но не биле обврзани да учествуваат. Сепак, сите освен една од осумнаесетте екипи настапиле на трката. Дополнително, три професионални континентални екипи биле поканети со што се создала главната група од 20 екипи на трката.[3][4]Кофидис, единствената UCI World Tour која не учествувала на трката, ја одбила нивната покана, наведувајќи исполнет распоред.[5]Алпесин-Феникс и Аркеа-Самсик добиле автоматски покани како најдобри професионални континентални екипи во сезоната 2021,[6][7] но само првата екипа ја прифатила поканата. Другите две професионални континентални екипи, Бардијани-ЦСФ-Фаизане и Гаспром-РусВело, биле одбрани од организаторите на трката RCS Sport.[8]
Бидејќи многу екипи имале позитивни тестови на КОВИД-19 и морале да повлечат возачи и членови на екипите од трката,[9] само 10 екипи имале целосен состав од седум возачи, додека другите седум екипи имале по шест возачи. Интермарше-Ванти-Жобер Материо и Трек-Сегафредо на крајот настапиле со пет возачи, додека Лото-Судал била единствената екипа која имала состав од четири возачи. Гаспром-РусВело исто така имала еден возач кој на крајот не ја започнал трката, намалувајќи го нивниот состав на шест возачи. Вкупно 125 возачи ја започнале трката, од кои 122 завршиле.[10][11]
На втората етапа, Сем Бенет, кој бил трет во бодовниот пласман, ја носел зелената маичка, бидејќи првопласираниот Јаспер Филипсен ја носел црвената маичка како предводник на генералниот пласман, а второпласираниот Дмитриј Страхов ја носел црната маичка како предводник на спринтерскиот пласман. Од истата причина, Марк Кевендиш ја носел зелената маичка на третата етапа.
На етапите 2 и 3, Ксандрес Вервлесем, кој бил втор во пласманот за млад возач, ја носел белата маичка, бидејќи првопласираниот Јаспер Филипсен ја носел црвената маичка како предводник на генералниот пласман.
На четвртата етапа, Тадеј Погачар, кој бил втор во пласманот за млад возач, ја носел белата маичка, бидејќи првопласираниот Штефан Бисегер ја носел црвената маичка како предводник на генералниот пласман.
На етапите 5–7, Жоао Алмеида, кој бил втор во пласманот за млад возач, ја носел белата маичка, бидејќи првопласираниот Тадеј Погачар ја носел црвената маичка како предводник на генералниот пласман.