Труење со етилен гликол | |
---|---|
Етилен гликол | |
Специјалност | Ургентна медицина |
Труење со етилен гликол е труење предизвикано од внес на етилен гликол.[1] Раните симптоми вклучуваат интоксикација, повраќање и абдоминална болка.[1] Покасни симптоми се намалено ниво на свест, главоболка, и напади.[1] Долгорочни ефекти се бубрежна слабост и оштетување на мозокот.[1] Токсичност и смрт може да настанат и после внес на мала количина.[1]
Етилен гликол е безбојна течност, без мирис, со сладок вкус, често присутна во антифризот.[1] Може да биде испиена случајно или намерно во обид за самоубиство.[2] Во организмот се разложува на гликолна и оксална киселина кои се причинители на токсичноста.[1][3] Дијагнозата може да биде потврдена со мерење на нивото на етилен гликол во крвта; меѓутоа во многу болници не постои можност за изведување на овој тест.[1]
Рано започнување со третман ги зголемува шансите за добар исход.[2] Третманот вклучува стабилизирање на лицето, проследено со примена на антидот.[2] Претпочитан антидот е фомепизол; а доколку не е достапен се користи етанол.[2] Други третмани вклучуваат натриум бикарбонат, тиамин и магнезиум.[2]
Секоја година се случуваат повеќе од 5000 случаи на труење со етилен гликол во САД.[4] Пациентите често се возрасни мажи.[3] Смртни случаи предизвикани од етилен гликол се пријавувани уште од 1930.[5]
Класификација | |
---|---|
Надворешни извори |