Тумбука митологија

Кружен танц на северот на Малави

Тумбука се етничка група која живее во Малави, Замбија и Танзанија. Тумбука, наречени и Каманга, или Хенга живеат на висорамнината помеѓу северозападниот брег на езерото Њаса (езеро Малаши) и долината на реката Луангва од источна Замбија. Тие зборуваат банту јазик[1], тесно поврзан со оние на нивните непосредни соседи, езерото Тонга, Чева и Сенга.[2]

Митологија

[уреди | уреди извор]

Во митологијата на Тумбука, Чиута (што значи „Голем лак“) бил врховен творец и прикажан е на небото како виножито. Тумбука имаат многу митови кои претставуваат дел од нивното културно наследство. Овие митови, раскажувани ноќе околу огнот, честопати на придружба на тапани и хорски песни, имале за цел, меѓу другото, да ги научат децата на морално однесување.

Повеќето од овие митови ослабеле или се загубиле со текот на времето, но многу од нив сè уште остануваат. Секој од овие видокони (приказни) имаат морал зад нив. Во митологијата на Тумбука има спомнато три животни и тоа се фулу (желката), калулу (зајакот) и чимбви (хиената). Желката се смета за најмудро животно, хиената е негативен лик, а зајакот е умен и итар и него може да го победи само желката.

Религиозни верувања

[уреди | уреди извор]

Религиозните верувања на Тумбука спаѓаат во две главни рамки: традиционални и христијански. Културните елементи на традиционалната религиозна рамка вклучуваат верба во далечен бог (Леза / Чиута) и во моќта на предците и вештерките. Пред британското владеење се сметало дека Леза е врховно битие, кое го создало светот и сè што е во него. Откако го создал светот, се повлекол од него, оставајќи ги човечките суштества да управуваат со своите работи. Духовите на предците биле оние кои влијаеле на работите на живеење и комуницирале со Леза. Се верувало и дека вештерките влијаат врз човечките работи. Волшепството вклучувало посебно знаење и употреба на лекови за да се постигне посакуваниот ефект. Доаѓањето на христијанските мисии што започнало во 1880-тите и тоа влијаело на религиозните убедувања во Тумбука. Денес повеќето Тумбука се христијани, но традиционалните верски форми остануваат дел од нивните верувања.[1]

Литература

[уреди | уреди извор]
  • Patricia Ann Lynch (2010). African Mythology, A to Z. Infobase Publishing. ISBN 978-1-4381-3133-7.
  • Mphande, David (25 October 2014). Oral Literature and Moral Education among the Lakeside Tonga of Northern Malawi. Mzuni Press. стр. 75. ISBN 978-99908-0-244-3.
  1. 1,0 1,1 „Tumbuka | Encyclopedia.com“. www.encyclopedia.com. Посетено на 2020-08-18.
  2. „Tumbuka | people“. Encyclopedia Britannica (англиски). Посетено на 2020-08-18.