Трката била освоена од Британецот Крис Фрум од Тим Скај,[1] кој водел на трката од почетокот до крајот - по првпат возач на Тим Скај водел од почетокот до крајот[2] – откако победил на воведниот пролог во Ле Шабл, зголемувајќи ја својата предност кон крајот на трката. На крајот, Фрум го освоил генералниот пласман со 54 секунди пред второпласираниот Симон Шпилак (Катјуша),[3] кој бил победник на кралската етапа на трката, четвртата етапа до Ле Дијаблерет, пред Фрум.[4] Подиумот бил заокружен од Руј Кошта од Мовистар Тим, кој завршил како трет втора година по ред.[5] Кошта завршил 55 секунди зад Шпилак и една минута и 49 секунди зад Фрум.
Во другите пласмани на трката, возачот на Бланко Про СајклингВилко Келдерман бил освојувач на белата маичка во пласманот за млад возач, бидејќи бил највисоко пласиран возач роден во 1988 или подоцна, завршувајќи на петтото место во генералниот пласман откако ја презел маичката од возачот на ФДЖТибо Пино на завршниот хронометар. Матијас Брендле од ИАМ Сајклинг ја освоил зелената маичка за најмногу освоени бодови на средните спринтови, додека розовата маичка за планинскиот пласман му припаднала на Маркус Бургхарт од Аксент Џобс-Ванти.[6] Екипниот пласман бил освоен од Тим Скај втора година по ред, откако Ричи Порт се пласирал во првите десет како и Фрум.[2]
Бидејќи Тур де Романди е настан од Светската турнеја на UCI, сите 19 UCI World Tour екипи се автоматски поканети и се обврзани да испратат свој состав. Првично, осумнаесет UCI World Tour екипи требало да настапат на трката, како и две други екипи – Тим Јуропкар и ИАМ Сајклинг – со специјални покани,[7] и со тоа требало да биде создадена главната група од 20 екипи. Подоцна, Катјуша го повратила својот ProTour статус по жалбата до Арбитражниот суд за спорт.[8][9] Бидејќи Катјуша не била првично поканета на трката, организаторите на трката го објавиле нивното приклучување, со што вкупниот број на екипи се зголемил на дваесет и една.