Туралево | |
![]() Воздушен поглед на селото | |
Координати 42°04′42″N 22°06′59″E / 42.07833°N 22.11639°E | |
Регион | ![]() |
Општина | ![]() |
Население | 260 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 1360 |
Повик. бр. | 031 |
Шифра на КО | 14028 |
Надм. вис. | 543 м |
Слава | Духовден |
![]() |
Туралево — село во североисточниот дел на Македонија, во Општина Кратово, во околината на градот Кратово.
За потеклото и значењето на името на селото Туралево, постојат повеќе претпоставки од научните истражувачи. Една претпоставка смета дека неговото значење доаѓа од турал — онаа страна на кована пара на која се наоѓа ликот и името на владетелот.[2]
Оваа претпоставка може да се земе и како најверодостојна со оглед на тоа дека селото се наоѓа во познат рударски крај, каде што уште од древните антички времиња се ковале пари — монети. Други претпоставки се дека тоа потекнува од турскиот збор Турали (Turali, Tuğral) што означува вид припитомен сокол кој се употребува за лов или монограм-грб на османските султани.[2] И овие претпоставки може да имаат извесна веродостојност со оглед на фактот дека на Осогово во средновековието било доста развиено соколарството. Во селото никогаш не живеело турско население, туку секогаш живееле Македонци.
Туралево се наоѓа на територијата на Општина Кратово, недалеку од градот во западен правец, на оддалеченост од околу 5 километри.[3] Туралево е ридско и раштркано село од разбиен тип, чии маала се издигнуваат на надморска височина од 510 до 580 метри.[3]
Селото е сместено веднаш покрај регионалниот пат 1205, кој води кон градот Кратово, како i по ридовите кои лежат покрај десниот брег на течението на самата Кратовска Река која тука мештаните на селото ја нарекуваат Манцела.[4] Во неговата близина се одвојува и низ него води регионалниот пат 2247 кон Шопско Рударе, Секулица и повеќе други села во западниот дел на кратовската општина.
Маалата во Туралево ги носат следните имиња: Липовик, Падина, Арбалујци, Селимица, Коријашка Маала и други.[4]
За него македонскиот револуционер Ѓорче Петров, во својата книга „Материјали по изучувањето на Македонија“, запишал дека е сместено на височината меѓу Кратовската Река и Повишница подолу од Железна Порта.[5]
Поради важната местоположба на крстопат на повеќе важни патни правци во познатиот рударски крај на Кратовско, како и околните села Туралево има подолга историја и постоење. Според предание кое го знаат жителите, селото Туралево во минатото поради болеста чума ја променило својата местоположба, бидејќи се раселило од патот погоре.[4]
Според записите на Ѓорче Петров, Туралево било чифлик со 25 македонски куќи. Под Тураево имало ан на кратовско-кумановскиот пат, а за безбедноста на патниците кај самото село на расположено во горниот дел на падината на височината на десниот брег на Кратовската Река постоела и стражарска кула.[5]
Атарот на селото зафаќа простор од 7,3 км2, при што преовладуваат обработливите површини со површина од 293 хектари, на пасиштата отпаѓаат 209 хектари, а на шумите 173 хектари.[3]
Населението во селото се занимава со земјоделство. Од поледелството е застапено одгледувањето на жита претежно пченица и пченка на нивите во зарамнетиот предел западно од селото крај патот кон Секулица. Од сточарството кое е во мали размери застапено е одгледувањето на кози од ситниот и крави, волови и телиња од крупниот добиток.
Во рамките на селскиот атар се наоѓа фабриката „Иднина Змеј“, која произведува брусни плочи производи. Дел од жителите на Туралево работат во блиските фабрики и погони за брусени плочи за сечење и брусење кои се користат за потребите на металургијата „Иднина Змеј“ и „Техно-Абразив“, во фабриката на „Добра Вода“, во блиските ископи на камен за градежништво и рудни наоѓалишта, а работат и како авто-превозници и градежни работници во Скопје, Куманово и ширум цела Македонија. Во Туралево во кругот на фабриката „Иднина Змеј“ е предвидено да се гради индустриска зона, со можност за изградба на повеќе производствени погони.[6]
Во селото се регистрирани и работат неколку помали претпријатија, меѓу кои „Агро-Мис“ за земјоделство и „Марио-Ком“ за градежништво.
Селото Туралево заедно со уште неколку околни кратовски села е едно од ретки во кои е задржана и сѐ уште се прави древната дејност на лов на пчели со бртви во дупки на карпите. Камените бртви во кои се ловат пчелите е најстариот традиционален начин за производство на мед се издлабени дупки во карпите, кои специјално се подготвуваат за мамење и фаќање на пчелите, денес има над 500 бртви. Некои од нив постојат уште од римско време и сè уште се користат. Оваа постапка, која е задржана само уште во Тибет, најпознати бртварски наоѓалишта се карпите во Коњух, Градиште, Цоцев Камен, Татомир, Кралица и во Туралево.[7]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Туралево живееле 210 жители, сите Македонци.[8] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Филиповци имало 220 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[9]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 250 Македонци.[10]
Според бројот на жителите Туралево е средна по големина населба населена исклучиво со Македонци. Поради поволната местоположба и добрата сообраќајна поврзаност селото Туралево е едно од ретките села во кратовскиот крај со постојаност и стабилност во бројот на жителите. Така, во 1961 селото броело 368 жители, а во 1994 година 304 жители.[3]
Според пописот од 2002 година, во селото Туралево живееле 326 жители, сите Македонци.[11]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 260 жители, од кои 239 Македонци, 2 Албанци, 1 Србин, 1 останат и 17 лица без податоци.[12]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 210 | 220 | 371 | 416 | 368 | 362 | 331 | 334 | 304 | 326 | 260 |
Селото Туралево отсекогаш па сѐ до денес е исклучиво населено со Македонци од православна христијанска вероисповед. Родови кои живеат во селото Туралево се: Петканци, Папагалци,[4] Стојанови, Арсови, Стоимановци и други.
Од селото нема поголем број на иселени жители, а малкумината кои се иселиле се заминати во Кратово.
Кон крајот на XIX век, Туралево било село во Кратовската каза на Отоманското Царство.
Селото се наоѓа во Општина Кратово, која била една од ретките општини во Македонија, која не била воопшто менувана во поглед на нејзините граници со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година.
Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Кратово. Селото припаѓало на општината Кратово и во периодот 1955-1965 година.
Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Кратовска градска општина, во која покрај градот Кратово се наоѓале и селата Близанци, Горно Кратово, Емирица, Железница, Живалево, Кавран, Кнежево, Којково, Куново, Мушково, Нежилово, Приковци, Туралево, Филиповци и Шлегово. Во периодот 1950-1952 година, селото претставувало седиште на тогашната Општина Туралево, во која се наоѓале селата Живалево, Туралево, Тополовиќ и Филиповци.
Во селото постои избирачкото место бр. 0914 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште.[17]
На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 230 гласачи.[18]
Во селото како редовни настани се слават неколку верски празници:
|access-date=
бара |url=
(help)
|