37°47′53.27″N 122°25′38.91″W / 37.7981306°N 122.4274750°W
Улицата Јунион (англиски: Union Street) е улица во правец исток-запад во Сан Франциско, Калифорнија, САД.[1] Почнува близу кејот Ембаркадеро, има мал прекин на ридот Телеграф и продолжува покрај улицата Монтгомери. Поминува низ Рашан Хил и пазарната област во Кау Холоу, завршувајќи во Президио. Според одредени извори, улицата Јунион е границата меѓу Кау Холоу на север и Пацифик Хајтс на југ.[2]
Оваа улица е единствената која дозволува двонасочен сообраќај во правец исток-запад низ целиот Рашан Хил. Останатите улици се или еднонасочни или имаат прекини во населбата. Поради ова низ неа поминуваат МЈУНИ линиите 41 и 45.[3]