Унгарски Телеком е најголемата унгарска телекомуникациска компанија. Поранешниот монопол е сега подружница на Дојче Телеком. До 2005 година бил познат под името Матав.
Унгарскиот Телеком е основан во 1991 година од издвојувањето од Унгарската пошта.[1] Унгарскиот телеком е приватизиран од 1993 година до 2000 година кога дошол во мнозинска сопственост на Дојче Телеком. Ова е првата компанија во Источна Европа која во 1997 година излегла на Њујоршката берза. Во 2001 година Унгарскиот Телеком го купил Македонски Телеком, и доаѓа до либерализација на фиксниот телефонски пазар во Унгарија. Во 2005 година Унгарскиот телеком го купува Црногорскиот Телеком, се извршува ребрендинг на Телеком и започнува во употреба брендот Т.
Како и сите компании во групата Дојче Телеком, Унгарскиот Телеком работи под следниве брендови: