Победнички танц на народот Урхобо | |
Вкупен број | |
---|---|
ок. 4.5 милиони + | |
Јазици | |
Вероисповед | |
| |
Сродни народи | |
Исоко, Бини, Есан, Афемаи |
Урхобо се народ во јужна Нигерија, во близина на северозападната делта на Нигер. Тие се најголемата етничка група во државата Делта, една од 36-те држави на Сојузна Република Нигерија. Тие зборуваат на јазикот урхобо кој е бенуе-конгоански јазик од семејството на нигер-конгоанските јазици. Етнографите го користат терминот Собо кога зборуваат за Урхобо и за нивните соседи, Исоко, но двете групи остануваат различни едни од други. Нивните локални заедници се различни во економијата, социјалната организација, дијалектот и потеклото.[1] Урхобо се однесува на група луѓе, а не на територија. Околу четири милиони луѓе се припадници на Урхобо.
Под влијание отпрвин на европските трговци, а потоа и на британската колонијална администрација, Урхобо и другите народи почнале да одгледуваат маслени палми, а подоцна и гума. Пченка (пченка), грав, пиперки и мешунки, се главните култури на Урхобо. Урхобо исто така се познати по нивните кануа, свети скулптури од кал, маски, фигури, бронзен накит и маскирани танци.[1]
Урхобо живеат многу близу до реката Нигер. Повеќето од нивните легенди, митологии и филозофии се поврзани со водата. Годишните фестивали на риболов кои вклучуваат маскирани танци, риболов, натпревари во пливање и танцување, станале дел од наследството на Урхобо.
Традиционалниот брак на Урхобо се склучува со многу уникатни обичаи и вредности почитувани со векови.[2] Тоа е постојана институција која се смета за света врска што ги поврзува двете независни семејства заедно засекогаш, особено кога бракот е благословен со деца, особено машки потомци. Бракот во културата на Урхобо бара молитви на предците (Еривин) и на Бог (Огене). За луѓето Урхобо, кога традиционалните брачни обреди ќе бидат целосно извршени, ниту смртта, ниту разводот не можат да ги раздвојат.
Согласноста на двете семејства е императив пред да се заврши бракот. Домаѓин на брачната церемонија е семејството на невестата во родниот дом на невестата.[2] Зетот оди со своите роднини и пријатели во домот на таткото на невестата, принесувајќи подароци пијалоци, сол, кола ореви или храна и од семејствотоја бара невестата. Официјално одобрување за брак даваат родителите на невестата, или кој и да го претставува нејзиното семејство. Се верува дека предците се сведоци на бракот, и на сопругот му се дава само физичкото тело додека ерхи (духот) останува во семејниот дом. Жената кога ќе умре затоа се враќада биде погребана во нејзиниот семеен дом. Доколку бракот не успее, зетот може да си ја бара назад „цената“ што ја исплатил да ја земе невестата.
Во домот на мажот, жената во семејството е пречекана од најстариот член. Таа на сопругот треба да му ги признае сите свои љубовни афери и тогаш е ослободена од нив. По овој ритуал станува полноправна членка на семејството на нејзиниот сопруг и се мисли дека е заштитена од натприродното (Еривин).[3]
Урхобо никогаш не бил хомоген лингвистички ентитет. Од памтивек, кај Урхобо има варијации што се појавуваат на различни нивоа. Овие варијации се манифестираат во различните урхобо кланови и кралства. Еден специфичен дијалект на Урхобо дури се распаднал и станал поединечна етничка националност (Исоко). Главната причина за овој прекин е што на овие дијалекти се гледа како на поединечни групи. Исоко дијалектот на Урхобо е толку широк што станува свој јазик.[4] Повеќето историчари, јазичари и културни антрополози сметаат дека Исоко е само дијалект и културна единица на Урхобо. Подоцна, Исоко биле наречени Источни Урхобо. До сега, некои луѓе веруваат дека овие две етнички единици се едно, заради сличностите во културата, јазикот, храната и речиси во сè. Тие се поздравуваат на ист начин браковите се во истата традиција, традиционалната религија и филозофија е слична, па дури и облекувањето е исто.[5] Урхобо нацијата е составена од дваесет и четири подгрупи, вклучувајќи ја и најголемата, Окепе.[6][7]
Урхобо неделата (Okpo) е составена од четири дена. Четирите дена се едево, едируо, едухре и едеби . Едево и едухре се свети денови за божествата, духовите и предците. На едево, се слават предците. Повеќето традиционални верски ритуали се одржуваат на едухре. Се верува дека духовите се активни во земјоделските површини и шумите на eдево и едухре. Затоа, земјоделците ретко работат на овие денови за да не ги реметат духовите.
Урхобо месеците се нарекуваат Емераве (Emeravwe) и се состојат од 28 дена. Повеќето од годишните фестивали се одржуваат во текот на месеците на жетва (аса, егвер, орианре и урхиори) кога земјоделската активност е на најниско ниво, така што повеќето земјоделци се слободни да учествуваат. Овие се воедно и месеци за почит на боговите на земјата, како и духовните сили што донеле добра жетва.[8]
Главниот фокус на традиционалната религија е обожавањето на врховното божество Огене (Семоќниот Бог) и признавањето на Еџо и Ерхан (божества). Некои од овие божества би можеле да се сметаат за персонифицирани атрибути на Огене. Кога Урхобо се чувствуваат угнетени од некого, тие го повикуваат Огене, за кој смета дека е непристрасен судија. Огене е основен фактор и манифестација на сите божества. Урхобо божествата можат да се класифицира во четири главни категории, што веројатно се совпаѓа со историскиот развој. Овие категории се следниве:
Традиционалниот живот на Урхобо подразбира две неразделни сфери: Акпо, видливиот, опиплив свет на живите и Еривин, невидливото царство на светите, небесни сили - богови, божества, духови и предци - кои влијаат врз човековите работи. Благосостојбата на луѓето во Акпо многу зависи од добрата волја на силите во Еривин.[9]
Огене (Огенукапе) е творец на светот и на животот и смртта. Поврзан со небото, тој е на раскрсницата на земјата и небото. Огене е добар и љубезен, иако го казнува злото, дури и со смрт. Духот, обезбеден за секое дете од Огене, е одговорен за добросостојбата на детето. Со смртта, личниот дух го напушта светот и оди во подземјето каде животот продолжува исто како на земјата.[10]
Првично, Огене ги создал луѓето да живеат вечно. Кога човекот старееше, тој ќе се регенерирал со отфрлање на старата кожа како змија и добивање на кожа на млад човек. Овој процес требало да се повторува и така човекот да живее засекогаш. Но, како одминувало времето, луѓето се зголемувале и земјата станала пренаселена. Меѓу мажите и животните на земјата се појави расправија што треба да се стори за да се контролира растечката популација. Кучето тврдело дека човекот треба да живее засекогаш, дека Огене треба да биде поттикнат да ги прошири границите на земјата за да се смести сè поголемото население. Ставот на кучето бил поттикнат од неговата интимна поврзаност со човекот. Жабата тврдела дека секој што ќе умре треба да си замине засекогаш: просторот во универзумот е ограничен и нема простор за понатамошно ширење на земјата. На кучето и краставата жаба им било кажано да ги пренесат своите ставови кон Огене кој бил на небото. Ставовите на оној што прв ќе стигне таму, ќе биде прифатен, откако бил ратификуван од Огене, како природен закон за смртта. Почнала нивната трка до Огене. Кучето наскоро ја престасало жабата. Убеден дека ќе дојде до Огене пред жабата, кучето се опуштило, барајќи храна. Застранило од патот, се прејало и заспало. Додека кучето спиело, жабата ја продолжила својата трка. Жабата прва стигнала во рајот и рекла дека човекот не смее да живее вечно, туку мора да умре. Кучето подоцна се разбудило и побрзало да го каже своето мислење но предоцна бидејќи жабата веќе пристигнала и ја доставила својата порака и нејзиното мислење било прифатено како обврзувачко за сите суштества. Смртта дошла во светот за да остане.
Исто така се верува дека мртвите се живи и на нив се гледа како на активни членови кои ги следат работите на своето семејство. Урхобо веруваат во двојноста на човекот, т.е. дека човекот се состои од две суштества:
Ерхи ја одредува судбината на човекот и ја контролира самореализацијата на човечката судбина пред тој да се инкарнира во светот. Ерхи ја контролира и целокупната благосостојба (уфуома) на човекот. Огене е кралот кој го поставува својот печат на патот на судбината. Судбината на човекот е ратификувана и запечатена во духовниот свет, Еривин. Урхобо веруваат дека физичкото тело, угбома, се распаѓа додека ерхи е неуништливо и им се придружува на предците во духовниот свет.
И покрај овој вековен и комплексен систем на верување, влијанието на западната цивилизација и христијанството брзо станала прифатлива религија во повеќето заедници Урхобо. Многумина припаѓаат на католички и нови евангелски деноминации.[11]