Утрински весник

Утрински весник
првата насловна страница.
Типдневен весник
ФорматБ2
СопственикМедија Принт Македонија
УредникСоња Маџовска
Основан23 јуни 1999
Политичка определбалево
Јазикмакедонски
Престанал2017
СедиштеДимитрие Чупоски бр. 11/5 Скопје
Тираж10.200 (август 2015)
Страницаwww.utrinski.com.mk

Утрински весник — поранешен македонски дневен весник кој излегувал секој ден освен недела. Првиот број на весникот излегол на 23 јуни 1999 година а негови основачи биле Ерол Ризаов, Бранко Тричковски, Манчо Митевски, Васил Мицковски и Љупчо Поповски. Весникот бил печатен во Скопје, во печатницата „Графички центар“, а бил издаван од страна на ДООЕЛ „Круг“ од Скопје.[1] По основањето во 1999 година, првата поголема реконструкција на весникот е неговата продажба на германската групација ВАЦ и менување на изгледот, технологијата и начинот на издавање на весникот. Новиот дизајн на весникот бил изработен од германскиот дизајнер Даниел Браун.[2] Првичниот слоган на весникот бил „Денот по Утрински се познава“.[3] Последниот број на весникот излегол на 29 април 2017.[4]

Уредништво

[уреди | уреди извор]
Главна редакција[1]
Менаџмент[1]
Уредници[1]
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 „За Утрински Весник“. Посетено на 2010-03-18.
  2. „Утрински со нов лик“. Архивирано од изворникот на 2006-06-18. Посетено на 2010-03-18.
  3. Осум години со Утрински[мртва врска]
  4. Мери Јордановска, „Утрински весник и Вест излегоа за последен пат“ (пристапено на 15.6.2017)

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]