ФК Балкан

ФК Балкан
Целосно име ФК Балкан
Основан 1921; пред 103 години (1921)
Распаднат
Стадион Стадион Чаир
Капацитет 4.500
Екипни бои
Екипни бои
Екипни бои
Екипни бои
Екипни бои
Домашен дрес
Екипни бои
Екипни бои
Екипни бои
Екипни бои
Екипни бои
Гостински дрес

ФК Балкан — распаднат фудбалски клуб од Скопје, Македонија и повеќекратен учесник во Првата македонска фудбалска лига

Формирање и почетоците на ФК Балкан

[уреди | уреди извор]

Првите почетоци на фудбалскиот клуб „Балкан“ датираат уште по завршувањето на Првата светска војна во 1919 година. Имено, кај една група чаирски младинци фасцинирани од фудбалската топка и игра се појавила идејата за формирање на свој маалски клуб. По низа договори и подготовки на 3 февруари 1921 година во Трпчевата меана се одржало првото официјално основачко собрание на фудбалкскиот клуб „Балкан“ од Чаир. На ова собрание била формирана и првата управа на клубот во состав: Цветан Миџо, Димче Поп Ацев, Брис Пљапља, Ангеле Свињарев, Петре Тасев, Ордан Николов, Благоја Димчевски-Мешле, Јанакија Пуплев, Блажо Урошов, Ѓоре Свињарев, Никола Смилев, Борис Таќе, Ѓоре Чортан. За претседател на клубот бил избран Ѓоре Чортан, а за потпретседател Блажо Урошов. На самиот почеток додека условите не биле соодветни за одржување на состаноци и простории за пресоблекување на фудбалерите, било решено сето тоа да се одвива во Трпчевата меана, на големо задоволство на Трпче Бошковски. Неколку дена по основачкото собрание била создадена и првата легендарна екипа на фудбалскиот клуб „Балкан“ составена од млади вљубеници на фудбалската игра. За изградба на игралиште било решено местото Јурија при почетокот на големиот стар чаирски парк. Тука здружени старите и млади чаирчани, зимото 1921 г. го исчистиле сметот и го подготвиле теренот за изградба на игралиште. Набргу потоа Никола Пупи отстапил една соба од својата куќа, приспособувајќи ја за соблекувачна. Овој негов потег покажува колкава била љубовта на овие сиромашни, но богати со спорстки дух млади чаирчани. Инаку спортскиот дух во Чаир меѓу двете светски војни бил развиен. Како активни соколани (гимнастичари се истакнале Димче Нушев и Трајко Шуплев. Трајко Шуплев пред својата куќа имал вратило каде младите ги запознавале првите чекори во гимнастичкиот спорт. Упрвата на ФК „Балкан“ прво пред себеси поставила задача да ја подготви и собере целата документација потребна за регистрирање на клубот во тогашното кралство Југославија. На 29 мај 1921 г. По целосно приложена документација во Белград, ФК „Балкан“ од Чаир бил регистриран како прв фудбалски клуб од Скопје во тогашниот „Београдски лопташки савез“. Во оригиналните документи во Београдскиот лопташки савез стоело: ФК „Балкан“ е прв рагистриран клуб из „вардарске бановине“, издаден на 30 мај 1921 г. со потпис на тогашниот секретар Коста Таушановиќ. Од своите лични и скромни средства управата и играчите на ФК „Балкан“ ги купиле своите дресови кои биле црвени.

За најбрзо десно крило не само во ФК „Балкан“ туку и во Скопје се сметал Томе Николовски - Мако, а за најдобар техничар од тоа време се сметал Лазо николовски - Кривавилицата. Првата топка со која почнале да играаат играчите на ФК „Балкан“ бил кожна и била земена од француските војници кои се наоѓале во Чаир во текот на Првата светска војна. До 1927 г. ФК „Балкан“ воглавно играл против тогашните скопски фудбалски клубови: „Експеранс“, „Југ“, „Спорт“, „Победа“. Во 1927 г. од повеќе скопски новоформирани клубови бил формиран „скопскиот лоптачки сојуз на вардарска бановина“. Поради зголемениот квалитет на фудбалот и блискоста со Саук чешма се припоиле двата чаирски клуба ФК „Балкан“ и ФК „Витез“. Нивното спојување било постепено и траело по низа на преговори од 1927 година до 1937 година. Тогаш ФК „Балкан“ играл и со други реномирани и многу појаки фудбалски екипи од Скопје како ФК „Вардар“ од Топаана (во кој играле голем број српски офицери и подофицери), ФК „Граѓански“, ФК „Југ“ и други. Најголем успех ФК „Балкан“ го постигнал во 1937 година во рамките на вториот разред на Скопскиот подсојуз го освоил првото место со извојувани 12 победи од исто толку натпревари. Во овој сојуз втор бил ФК „Рапид“ со 17 бода, трета била ФК „Олимпија“ со 16,4 бода. па по неа следувале ФК „Слога“ со 12,5 бода, ФК „Мачва“ со 6 бода, ФК „Графичар“ со 5 бода и Црна Гора со 4 бода како последна. Победоносната екипа ФК „Балкан“ со во таа 1937 година ја сочинувале : Андреја Зафиров-Мусот, Трајко Гаврилов- Томажот(голман), Орде Марковски, Миле Стојков, Андреја Црнашија, Славе Георгиев, Лазе Николовски-Кривавилицата, и Славе Пицан. Во следната фудбалска сезона 1937/38 година ФК „Балкан“ покажал уште повеќе од својата фудбалска надмоќ над другите клубови во својата група со дотогаш невидена гол разлика, 55:9. Екипата која го постигнала овој зачудувачки и триумфален успех имала и од кого да учи, од најдобрата скопска екипа фудбалери на првата фудбалска постава на ФК „Балкан“ од 1921 година. Секој од овие млади фудбалери сакал да биде брз како еден Томе Мако и добар техничар како Лазо Кривавилицата. Желбата да се надминат своите учители и фудбалски идоли од првата екипа на ФК „Балкан“ ги мотивирала овие млади чаирчани на ваков сензационален успех. Оваа постава на ФК „Балкан“ која го постигнала овој успех ја сочинувале : Томе Теќелијата, Тоде Аџијата, Трајан Зафиров, Лазо Николовски-Кривавилицата, Трпе Георгиев, Борис Сикре, Илија Волканов (во тоа време претседател на клубот), Славе Пицан, Цветан Илиев Васе Стојановски-Сарго, (секретар на клубот), Чедо Георгиев, Чедо Павловски, Борис Дувало, Страхил Ивановски, Михо Гиевски, Зафир Зафировски, И Ѓорѓи Трповски. Нижењето победи на ФК „Балкан“ траело до 1943 година кога бугарските фашистички окупатори ја забраниле работата на клубот, поради напредата и револуционерна дејност на управата и фудбалерите. Во тој период клубот играл во првиот разред на скопскиот подсојуз.