ФК Напредок — македонски фудбалски клуб од Кичево кој се натпреварува во Третата фудбалска лига - Запад.
Напредок е формиран во 1928 година, под името Јадран, а по Втората светска војна го носел името Јанчица сè до 1952 година, кога клубот го добил денешното име „Напредок“. Клупски бои се сината и белата, а клубот настапува на Градскиот стадион Кичево кој има капацитет од 4.000 гледачи. Најголемиот успех го има постигнато во натпреварувањето од рамките на Купот на Македонија, кога во сезоната 2003/2004 стигнал до финалето каде бил поразен од Слога Југомагнат. Навивачката група која го следи Напредок се вика Ѓаоли.