Фаловјец

Најдолгиот фаловјец во Гдањск, на улицата „Оброњцов Вибжеза“ (Obrońców Wybrzeza).

Фаловјец (полски: Falowiec, множина: falowce; од полскиот збор fala, бран) ― станбен блок кој се одликува со својата должина и брановиден облик. Овој вид градба бил граден во Полска кон крајот на 1960-тите и 1970-тите во градот Гдањск, каде што има осум згради од овој вид.

Панорамски поглед на истата зграда.

Најпознатиот фаловјец во Гдањск, кој се наоѓа на улицата „Оброњцов Вибжеза“ (Obrońców Wybrzeza), има:

  • 11 ката (10 плус приземје)
  • речиси 6.000 станари
  • 4 влеза од 110 станови)
  • должина од околу 850 м

Бил прикажан во 5-та епизода од Извонредната трка 23 (The Amazing Race 23) како дел од страничната блокада.

Слични градби

[уреди | уреди извор]

54°24′29″N 18°35′49″E / 54.408° СГШ; 18.597° ИГД / 54.408; 18.597