Фенпрокумон (трговско име Marcumar, Falitrhom), е хемиско соединение од групата 4-хидроксикумарини што се користи како антикоагуланс, т.е. лек за спречување на згрутчување на крвта.
Фенпрокумон се користи како дел од долгорочна профилакса на тромбоза или профилакса на повторување на тромбоза (последователно по терапија со хепарин или алтернативно во случај на нетолеранција на хепарин),[1] по имплантација на вештачки срцеви залистоци / вештачки васкуларни бајпаси (фем-поп/Y-протеза итн.) ), системи за поддршка на срцето (уред за помош) или при атријална фибрилација за да се спречи формирање на тромб и емболија како последица на овие заболувања.[2]
За време на фазата на прилагодување со таблети (по 3 mg) од околу 5-7 дена, му се зема крв за контрола на секој 2-3-ти ден, во случај на стабилно прилагодување на 2-4 недели, а потоа се утврдува следното дозирање со фенпрокумон. При стабилно прилагодување и соодветност (физички и ментална способност на пациентот), пациентот може , по соодветна обука, самиот да врши редовно контролно мерење и прилагодување на дозата на лекот. Постапката и мерните уреди се слични на добро познатите тестови за мерење шеќер во домашни услови.
Антикоагулантниот ефект произлегува од намалувањето на количината на достапни функционални фактори на коагулација II, VII, IX и X. Како индиректен антагонист на витамин К, фенпрокумон делува како варфарин, со инхибиција на карбоксилацијата на споменатите фактори на коагулација, како и на белковината Ц и белковината S.[3]
Фенпрокумон делува како конкурентен (компетитивен) инхибитор на ензимот витамин К епоксид редуктаза, што значи се намалува количината на витамин К во редуцирана форма достапна како кофактор за ензимот γ-глутамил карбоксилаза. Ова резултира со потполно отсуство или присуство на мала количина накарбоксилирани фактори на коагулација, кои се неактивни или само ограничено активни.[4] Ефектот се појавува само откако ќе се потрошат преостанатите претходно формирани фактори на коагулација (по околу 48-72). Затоа, фенпрокумонот не се користи во итни случаи, туку само во понатамошниот тек на болеста. Полуживотот во плазмата е приближно 160 часа (6 до 7 дена).[2][5] Покрај одложената инхибиција на коагулацијата, може да дојде до зголемена коагулација бидејќи се инхибираат антикоагулантните белковини Ц и С, кои се зависни од витамин К.[6] Сепак, практиката на спроведување на премостувачка терапија (англиски: "bridging") со нискомолекуларни хепарини или нефракциониран хепарин за време на хируршки интервенции сè повеќе се напушта. Големите набљудувачки студии и, неодамна, плацебо контролирана, двојно слепа студија покажаа дека премостувањето („bridging") е поврзано со значително зголемен ризик од крварење и нема никаква корист во однос на тромбоемболичните настани.[7]
Концентрацијата која е потребна да се постигне антикоагулантиот ефект зависи ритамот на внес, индивидуалниот капацитет на апсорпција, кривата на опаѓање на дозата во телото како и конституцијата на пациентот.[8] Полуживотот за земање на лекот изнесува 1-12 часови за земање на лекот, додека полуживотот за опаѓање на дозата во телото изнесува околу 160 часа [2] . Поради долгите временски константи на разградување - во однос на дневниот внес - усогласеноста со точниот дневен ритам е секундарна во однос на дозата на внес при редовно препишување на лекот.
Терапијата најчесто се започнува (во случај на тромбоза или емболија задолжително со истовремено давање на хепарин)[2][5]) со давање на ударна доза (на примње 2 таблети днево за трите дена), а се продолжува понатаму во зависност од одговорот кон терапијата. Дневната доза најчесто е 1/4 до 2 таблети, во просек 2/3 таблети. Постари лица имаат потреба од помала доза за разлика од помлади, жените нешто помала доза за разлика од мажите.
Ефектот е под влијание на содржината на витамин К во храната. Затоа, ограничената количина на храна богата со витамин К [9] е важна за постојаниот ефект. И покрај тоа, само просечно 70% од вредностите лежат во терапевтскиот опсег.
Многу често (над 10%) се јавуваат хематоми по повреда, крварење од носот или крварење на непцата, како и крв во урината, често (до 10%) се јавува воспаление на црниот дроб, повремено (под 1%) се јавуваат како непожелен ефект внатрешно крварење (особено мозочно крварење - 0,5%).[2]
Дополнително, при долготрајна терапија може да дојде до евентуално зголемено, но реверзибилно губење на косата и намалување на густината на коските. Од големо крварење се стравува особено во случај на предозирање со лекот и истовремен висок крвен притисок.[2][5]
Ливидно (бледо сиво) пребојување на кожата, еритематозен дерматитис или акутна уртикарија се забележани многу ретко. Забележани се поединечни случаи на нарушување на осетот за мирис. Заздравувањето на фрактури исто така може да потрае долго.
Во многу ретки случаи, можело да се утврди воспаление на црниот дроб, што ддовело до откажување на црниот дроб и последователна трансплантација.[2]
Друга ретка, но застрашувачка компликација на антикоагулацијата со деривати на кумарин е таканаречената кумаринска некроза, што доведува до некроза на кожата, подкожата и меките ткива. Особено изложени на ризик се жените кои имаат прекумерна тежина и кои започнуваат терапија по почетокот на менопаузата (постменопауза) и веднаш по раѓањето на детето (по породувањето).[10]
По прекинот на лекот, потребни се 10-14 денови за продукција на факторите на коагулација потребни за нормално функционирање на коагулацијата. Овој период може да се намали на 6-10 часови со администрација на високи дози на витамин К. Во итен случај, факторите на коагулација што недостасуваат може да се заменат со администрирање на концентрат на фактори на коагулација (протромбин комплекс концентрат, PPSB).
Пред операција, фенпрокумонот се заменува со подобро контролирани хепарини. С ова се овозможува, хепаринот да се паузира кратко пред операцијата со цел да се обезбеди нормална коагулација за време на операцијата. Оваа премостувачка терапија со хепарини се нарекува „bridging“ и започнува со паузирање на фенпрокумонот и редовни проверки на INR (INR = International Normalized Ratio). Штом INR падне под 2, треба да се започне со преклопувачка администрација на хепарини. Кај пациенти со висок ризик како што се на пример, пациенти со механичка митрална валвула, премостувањето обично се врши на стационарна основа.
Релативните контраиндикации вклучуваат злоќудна рефракторна хипертензија, дијабетична ретинопатија, бактериски ендокардитис, гастроинтестинални лезии (чиреви, дивертикули, полипи, тумори, варикси на хранопроводникот), краниоцеребрална траума, интрацеребрални аневризми, голема планирана операција во следните две недели, бременост и алкохолизам.
Пациентите со фенпрокумон треба да се воздржат од самолекување, особено со аналгетици (лекови против болки), внесот на ацетилсалицилна киселина е критичен поради нејзиниот антитромбоцитен ефект.
Можни комбинации со фенпрокумон:
Општо земено, дозата на фенпрокумон се одредува според вредностите на коагулација (по старо: вредност по Quick ; ново: Меѓународен нормализиран сооднос, англиски: International Normalised Ratio, INR). Терапевтската вредност на INR е помеѓу 2,0 и 3,5 во зависност од индикацијата, ако INR падне под целниот опсег, тогаш ризикот од тромбоза или емболија се зголемува, ако INR се искачи над овие вредности, тогаш се зголемува ризикот од крварење (од INR 5 и повисоко го зголемува ризикот од крварење прилично брзо).
Пациентите на кои им е потребна долготрајна антикоагулација може да научат сами да го мерат INR и сами да дозираат фенпрокумон. Трошоците за ова (апарат, тест ленти, обука во специјални центри). Треба да се забележи дека промената на дозата на таблетата влијае INR дури по неколку дена.[5]
|url=
(help). 126. стр. 204S–233S. doi:10.1378/chest.126.3_suppl.204S. PMID 15383473. Проверете ги датумските вредности во: |date=
(help)CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)