Фердинандска декларација

Men gather in a large room, seated on benches around an open center space. Two men read a document to another man seated on a throne.
Претставниците од германските имоти разговараат за можноста за верски мир.
Аугсбуршки мир
Датум1555
МестоАугсбург
УчеснициФердинанд I, Цар на Светото Римско Царство дејствувајќи во име на Карло V. Делегати од Империјалните имоти
Исход
  1. Принвипот cuius regio, eius religio воспостави верска сообразност во рамките на една држава. Две признанија на верата биле прифатливи: Католицизам или Лутеранизам. Секое друго изразување на верата било еретичко.
  2. Принципот на reservatum ecclesiasticum ја штител религиозната усогласеност во црковните имоти, но не било јасно наведено како тоа треба да се заштити.
  3. „Declaratio Ferdinandei“ обезбедила одредени исклучоци од принципот „cuius regio, eius religio“ за некои витези, суверени семејства и царски градови.

Фердинандската декларација (Declaratio Ferdinandei) била клаузула во Аугсбуршкиот мировен договор, потпишан во 1555 година за ставање крај на конфликтите меѓу католиците и протестантите во рамките на Светото Римско Царство. Мирот го создал принципот Cuius regio, eius religio (латински за „чие царство, негова религија“), што значело дека религијата на владетелот била одлучувачка за религијата на жителите. Declaratio Ferdinandei ги изземала витезите и некои од градовите под јурисдикција на црковниот принц, доколку тие практикувале лутеранство некое време (лутеранството било единствената гранка на протестантизмот признаена под Мирот). Одредбата не била објавена како дел од договорот и била чувана во тајност речиси две децении.[1]

По католичките победи на почетокот на Триесетгодишната војна, Declaratio Ferdinandei била поништена со Едиктот за реституција од 1629 година, кој бил дел од главниот план на Фердинанд II за реконвертирање на Светото Римско Царство во католицизам.[2] Поништувањето на Declaratio Ferdinandei и другите религиозни прогонства направиле повторно да се разгори Триесетгодишната војна, менувајќи ја од внатрешен конфликт во рамките на Светото Римско Царство во меѓународна верска војна.

  1. Parker, Geoffrey. The Thirty Years' War, 2nd Edition. p. 17. ISBN 0-415-12883-8
  2. Parker, pp. 87–88