Фести Ебоселе | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Полно име | Фести Осеиве Ебоселе | ||
Роден на | 2 август 2002 | ||
Роден во | Енискорти, Ирска | ||
Држава | Ирска | ||
Висина | м | 1,80||
Позиција | одбрана | ||
Клупски податоци | |||
Сегашен клуб | Удинезе | ||
Број | 2 | ||
Младинска кариера | |||
2016–2018 | Бреј Вондерерс | ||
2018–2020 | Дарби Каунти | ||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
2021–2022 | Дарби Каунти | 38 | (2) |
2022– | Удинезе | 1 | (0) |
Репрезентација ‡ | |||
2018 | Ирска 16 | 2 | (0) |
2018-2019 | Ирска 17 | 7 | (1) |
2019-2020 | Ирска 19 | 7 | (0) |
2021- | Ирска 21 | 4 | (0) |
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 20 мај 2018 ‡ Настапи и голови за репрезентација, според податок од 29 мај 2018 |
Фести Ебоселе (роден на 2 август 2002 година, во Енискорти) — ирски фудбалер, играч од одбраната на Удинезе и на ирската репрезентација под 21 година.
Роден е во Енискорти, грофовијата Вексфорд, од семејство со нигериско потекло.
Неговата примарна позиција е десен бек, но тој може да игра и како десно крило во средниот ред или како лев бек.[1] Опремен со добра техника и одличен дриблинг, умешен е во офанзивната фаза, благодарение пред се на неговата издржливост и атлетицизам.[2]
Израснал во младинските сектори на Мојн Ренџерс и Бреј Вондерерс, тој бил купен во 2018 година од англискиот клуб Дарби Каунти, кој првично го додал во својот младински тим. Своето деби за првиот тим го имал на 9 јануари 2021 година, во поразот со 2-0 на гостувањето кај нисколигашот Чорли во рамките на третата рунда од ФА Купот, натпревар во кој тој и уште тринаесет момчиња од младинскиот сектор дебитирале поради избувнување на заразени со Ковид-19 што го принудило првиот тим на Дарби да оди во изолација.[3] Својот прв првенствен натпревар го одиграл на 10 април 2021 година, влегувајќи како замена во поразот со 1–0 од Норич Сити во Чемпионшип.[4] На 6 ноември истата година, Ебоселе го постигнал првиот сениорски гол во ремито 1–1 против Милвол.[5]
Во март 2022 година, по финансиските проблеми на тимот, тој објавил дека не сака да го продолжи договорот.[6] Вкупно за овните настапил во 41 натпревар и постигнал 2 гола.
На 21 март 2022 година, тој објавил дека се согласил на договор со италијанскиот клуб Удинезе во времетраење од 5 години.[7] Откако во текот на летото му се приклучил на клубот, Ебоселе го направил своето деби како за Удинезе така и во италијанската Серија А, на 13 август 2022 во поразот со 4-2 на гостувањето кај Милан. Со тоа, тој станал првиот ирски играч кој настапил на еден натпревар од Серија А по пауза од 22 години и Роби Кин.[8]
Тој ја претставувал Ирска во селекциите под 16, 17 и 21 година. На 25 мај 2022 година, тој бил повикан за прв пат во сениорската репрезентација, за натпреварите од Лигата на нации против Ерменија, Украина и Шкотска.[9]
Статистиката е ажурирана на 13 август 2022.
Сезона | Клуб | Првенство | Национален куп | Континентален куп | Останати купови | Вкупно | |||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Наст | Гол | ||
2020-2021 | Дарби Каунти | ФЛЧ | 3 | 0 | ФАКуп+ЛК | 1+0 | 0+0 | - | - | - | - | - | - | 4 | 0 |
2021-2022 | ФЛЧ | 35 | 2 | ФАКуп+ЛК | 1+1 | 0 | - | - | - | - | - | - | 37 | 2 | |
Вкупно Дарби Каунти | 38 | 2 | 2+1 | 0+0 | 0 | 0 | - | - | - | - | 41 | 2 | |||
2022-2023 | Удинезе | А | 1 | 0 | КИ | 0 | 0 | - | - | - | - | - | - | 1 | 0 |
Вкупно во кариерата | 39 | 2 | 3 | 0 | - | - | - | - | 42 | 2 |
|accesso=
(се препорачува |access-date=
) (help)