Филип Кутев | ||
Роден | 13 јуни 1903 Ајтос, Кнежевство Бугарија | |
---|---|---|
Починал | 27 ноември 1982 НР Бугарија | (возр. 79)|
Националност | Бугарин | |
Народност | Бугарин | |
Познат | Соосновач на Државниот ансамбл за народни песни и танц | |
Занимање | Композитор, диригент, фолклорист | |
Сопружник | Марија Кутева | |
Образование | Национална музичка академија | |
Награди | Јунак на социјалистичкиот труд | |
Музички стил | Народна музика | |
Инструменти | Виолина | |
Мрежно место | http://philipkoutev.com/ |
Филип Кутев (13 јуни 1903 – 27 ноември 1982 година) ― бугарски композитор, аранжер и основач, со сопругата Марија Кутева, на првиот бугарски професионален државен ансамбл во 1951 година, Државниот ансамбл за народни песни и танц, познат и како Ансамбл „Филип Кутев“.[1] Со својот ансамбл тој бил пионер во стилот на аранжман на народни песни со спојување на народни елементи со западни класични облици и хармонии и воспостави нова бугарска хорска традиција.[2]
Неговиот хор бил еден од четворите кои се појавиле на албумот Le Mystère des Voix Bulgares, том два, кој освоил Греми награда во 1989 година.[3][4]
Роден е во Ајтос, областа Бургас.
Кутевиот Врв во Антарктик го носи името на Филип Кутев.