Македонска фонетика и фонологија |
---|
Гласови
Писмо
Поврзано
|
Македонистика |
---|
Граматика |
Правопис и правоговор |
· Азбука· |
· Транслитерација· |
Во оваа статија се работи за фонолошкиот систем на стандардниот (т.е. литературен) македонски јазик кој се темели на прилепско-битолскиот дијалект. За другите дијалекти, видете Дијалекти на македонскиот јазик. Македонскиот јазик има пет самогласки, една полусамогласка, три течни согласки, три носни, три пара струјни, два пара слеани, неспарена безвучна струјна согласка, девет пара звучни и безвучни согласки и четири пара избувни согласки.
Предни | Средни | Задни | |
---|---|---|---|
Затворени | i | u | |
Средни | ɛ | (ə) | ɔ |
Отворени | a |
[ə] (темен глас) се јавува во некои дијалекти и неколку изолирани примери, каде се означува со апостроф (’).
Самогласките во двосложни зборови се изговараат (реализираат) како долги, на пр. се /sɛ/ и сее /sɛː/.
Уснени | Забни/ Венечни |
Задно- венечни |
Предно- непчениa |
Задно- непчени | ||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Носни | m | n | ɲ | |||||||
Избувни | p | b | t | d | c | ɟ | k | ɡ | ||
Слеани | t͡s | d͡z | t͡ʃ | d͡ʒ | ||||||
Струјни | f | v | s | z | ʃ | ʒ | x | |||
Приближни | l | ʎ | j | |||||||
Трепетни | r |
^a Зависно од дијалектот, Ѓ и Ќ може да ги претставуваат венечно-преднонепчените слеани согласки ([ʥ], односно [ʨ]).
Заднонепчената носна согласка [ŋ] понекогаш се јавува како алофон на /n/ пред /k/ и /g/. Пример е зборот „англиски“ [ˈaŋgliski].
Во случаите каде /r/ игра самогласна улога, пред буквата Р се става апостроф. Примери: ’рж /r̩ʒ/, за’ржи /zar̩ʒi/ и ’рбет /r̩bɛt/).
Македонистите Хорас Лант (Lunt (1952) и Виктор Фридман (Friedman (2001) не го признаваат постоењето на палатализираниот звук (/lʲ/) или палаталниот (/ʎ/) во стандардниот македонски јазик - за разлика од нивното присуство во соседните сродни јазици (бугарски и српски). Наместо тоа, се јавува групата /lj/, освен кога тие се соединуваат при брзо зборување.
Овие двајца македонисти исто така тврдат дека постои фонемски контраст помеѓу веларизираното странично /ɫ/ и невеларизираното /l/. Додека тие признаваат дека секој од гласовите /ɫ/ и /l/ (како Л) се јавуваат главно пред предни, односно непредни самогласки - тие велат дека, барем по пропишаното правило[2] или кај некои зборови,[3] /l/ (како Љ) може да се јави пред непредни самогласки. Затоа минималните парови како „бела“ /bɛła/ наспроти „беља“ /bɛla/ го изразуваат овој фонемски контраст.
Гласот Х не е типичен за македонскиот јазик и истиот се вовел во македонскиот преку[4]:
На крајот од зборот, звучната противположеност (опозиција) се неутрализира.
Акцентот во македонскиот јазик е третосложен, што значи дека паѓа на третиот слог броено одзади, а за пократки зборови на првиот или единствен слог. Ова не важи за заемки и други зборови со странско потекло. Еве ги правилата за акцентирање во македонскиот јазик:
Пример: де́те, ма́jкa, та́тко.
Примери: та́ткото, та́тковци, татко́вците.
Исклучоци: