Фонтаната на Султан Ахмед III (турски: III. Ahmet Çeşmesi) — фонтана во турски рококо стил која се наоѓа на големиот плоштад пред Царската порта на палатата Топкапи во Истанбул, Турција. Таа била изградена во времето на османлискиот султан Ахмед III во 1728 година, за време на т.н. Ера на лалињата. Фонтаната претставувала место каде се собирале жителите за време на отоманскиот период на Цариград.
Фонтанскиот киоск на Ахмед III се наоѓа на местото на византиска фонтана, позната како Перајтон. Друга фонтана, изградена за време на Византија, се наоѓала на местото пред оваа фонтана[1]. Архитектонските одлики на надворешноста одразуваат синтеза на традиционалните отомански и современи западни стилови.
Фонтаната била прикажана на задната страна од турските банкноти од 10 лири од 1947-1952.[2]
Фонтаната има пет мали куполи и има облик на михраб. На секоја од четирите страни на фонтаната постои чешма. Водата се снабдува од осумаголен базен во внатрешноста на киоскот.
Над фонтаните за пиење се наоѓаат големи калиграфски плочи со сини и црвени плочки.
„Фонтана Ахмед III“ на Ризницата ? |
41°00′29.71″N 28°58′52.36″E / 41.0082528° СГШ; 28.9812111° ИГД