Фосфатни минерали — минерали кои во својата структура го содржат тетраедарски координираниот фосфатен (PO43−) анјон, понекогаш заедно со арсенатни (AsO43−) и ванадатни (VO43−) замени, и хлоридни (Cl−), флуоридни (F−) и хидроксидни (OH−) анјони кои исто така се вклопуваат во кристалната структура.
Фосфатната класа на минерали е голема и разновидна група, но само неколку видови се среќават релативно често.
Фосфатната карпа (фосфоритот) има висока концентрација на фосфатни минерали, најчесто од апатитната група. Таа е главен извор за производство на фосфатни ѓубрива за земјоделството. Фосфатот се користи и во додатоците на крмата за животните, во конзервансите, средствата против корозија, во козметиката, фунгицидите, керамиката, прочистувањето на водата и во металургијата. Најголеми количини се користат за ѓубрива.
Фосфатните минерали се:
|name-list-style=
(help)|name-list-style=
(help)
|
|