Фрабозана ― сорта на овци од долините и областа околу Мондови во покраината Кунео, во Пиемонт во северозападна Италија.[1] Името го зема од комуната Фрабоза Сопрана и Фрабоса Сотана, и некогаш била најбројната сорта на овци во Пиемонт.[2][3] Се одгледува во долините Гесо, Грана, Песјо, Верменања иМонрегалези во покраината Кунео и во долината Пеличе во покраината Торино.[4] Две подсорти се признаени во рамки на сортата, Роашино во Лигурските Алпи и малку помалата Фрабозана израсната во областа на Мондови. Фрабозана е една од четириесет и двете автохтони месни сорти на овци со ограничена распространетост за која има овчарска книга од Националното здружение за овчарство (италијански: Associazione Nazionale della Pastorizia).[3]
Статусот на зачувување на расата бил наведен како „не е изложен на ризик“ од ОХЗ во 2007 година. Во 2013 година вкупниот број за сортата бил 4284.[5]
- ↑ Breed data sheet: Frabosana/Italy. Domestic Animal Diversity Information System of the Food and Agriculture Organization of the United Nations. Пристапено на 13 август 2022.
- ↑ Daniele Bigi, Alessio Zanon (2008). Atlante delle razze autoctone: Bovini, equini, ovicaprini, suini allevati in Italia (in Italian). Milan: Edagricole. ISBN 9788850652594. p. 220–21.
- ↑ 3,0 3,1 Le razze ovine e caprine in Italia (на италијански). Associazione Nazionale della Pastorizia: Ufficio centrale libri genealogici e registri anagrafici razze ovine e caprine. p. 56. Пристапено на 13 август 2022.
- ↑ J. Errante, L.A. Brambilla, M. Corti, E. Pastore, R. Leonarduzzi (2006). Le razze ovine autoctone a rischio del Valle d'Aosta, Lombardia, Veneto, Friuli Venezia Giulia[мртва врска] (in Italian). Associazione RARE. Пристапено на 13 август 2022.
- ↑ Consistenze Provinciali della Razza F0 Frabosana Anno 2013 (in Italian). Associazione Nazionale della Pastorizia: Banca dati. Accessed September 2013.