Франсоа Паризјен

Франсоа Паризјен
Лични податоци
Цело имеФрансоа Паризјен
ПрекарФранк
Роден27 април 1982(1982-04-27)(42 г.)
Репантињи, Квебек, Канада
Висина1,71 м
Маса62 кг
Податоци за клубот
Мом. клубпензиониран
Дисциплинадрумски велосипедизам
Улогавозач
Професионални клубови
2006–2007
2008
2008–2012
2013–
ТИАА-ЦРЕФ
Симетрикс
Тим Рејс Про
Аргос-Шимано
Значајни победи
Национален друмски првак (2005)
Трка Елк Гроув (2012)
Последна промена
18 јануари 2014

Франсоа Паризјен (француски: François Parisien; р. 27 април 1982) — поранешен канадски професионален друмски велосипедист, кој настапувал како професионалец од 2006 до 2013.[1]

Професионална кариера

[уреди | уреди извор]

Во 2005, Паризјен победил на канадските друмски првенства.[2]

Учествувал на Трката околу Калифорнија 2010 и се пласирал во првите десет на втората етапа, кога бил на шестото место, завршувајќи во истата група со Австралиецот Брет Ланкастер, кој ја освоил етапата.[3] Имал добар настап и следниот ден на етапата три, кога завршил како деветти, откако бил во малата група од околу триесетина возачи кои стигнале зад тројцата бегалци, а победник бил Дејвид Забриски (Гармин-Транзишанс).[4]

Во 2012, победил на Трката Елк Гроув со мала разлика од само една секунда пред Џон Марфи од екипата Кенда-5-аур Енерџи.[5] Во август завршил надвор од подиумот на италијанскиот полукласик Тре Вали Варезине, на четвртото место. Неговиот сонародник од Квебек Давид Вејо од Тим Јуропкар победил со предност од над една минута пред групата во која бил Паризјен.[6] Во септември, Паризјен завршил десетти на трката од Светската турнеја, Гран при Квебек, каде ја освоил и наградата во пласманот за најдобар Канаѓанец.[7]

Откако СпајдерТек-Ц10 се распаднал, Паризјен се преселил во новата екипа Аргос-Шимано за сезоната 2013.[8] Во март 2013, Паризјен ја освоил најголемата победа во неговата кариера, кога го победил Самуел Димулен во масовниот спринт на петтата етапа на Волта а Каталуња.[9] Возбудениот Паризјен изјавил дека неговата екипа заклучила пред етапата дека треба да биде во првите тројца возачи при последната кривина за да има шанса за победа и тој го следел тој план.[10]

Паризјен се повлекол на крајот на сезоната 2013,[1] по осум години поминати како професионалец.

Достигнувања

[уреди | уреди извор]
2005
1. Национално друмско првенство
2008
5. Велосипедски класик Воздухопловни сили на САД
8. Краен пласман Тур де Бос
8. Комерс Бенк Ридинг Класик
2009
2. Краен пласман Вуелта а Куба
1. Етапа 7a (ITT)
7. Велосипедски класик Воздухопловни сили на САД
2010
1. Етапа 2 Вуелта Мексико
6. Краен пласман Тур де Бос
2012
1. Краен пласман Трка Елк Гроув
4. Тре Вали Варезине
10. Гран при Квебек
2013
1. Етапа 5 Волта а Каталуња
  1. 1,0 1,1 „Parisien opts to retire from cycling“. Cyclingnews.com. Future plc. 15 ноември 2013. Посетено на 23 декември 2013.
  2. „Канадски прваци 2005“ (PDF). canadian-cycling.com. Архивирано од изворникот (PDF) на 2016-03-04. Посетено на 14 септември 2012.
  3. „Sixième, François Parisien est aux avant-postes“. Fédération Québécoise de sports cyclistes (француски). FQSC 2009 – 2012. Архивирано од изворникот на 2015-09-24. Посетено на 1 ноември 2012.
  4. „We're climbing with some of the world's best at the Amgen Tour of California“. SpiderTech. Cycle Sport Management Inc. 2007–2011. Архивирано од изворникот на 2011-01-31. Посетено на 1 ноември 2012.
  5. „Паризјен победи за една секунда разлика пред Марфи“. Cycling News. Future Publishing Limited. 7 август 2012. Посетено на 14 септември 2012.
  6. Бен Аткинс (18 август 2012). „David Veilleux outruns the break to take Tre Valli Varesine“. Velo Nation. Velo Nation LLC. Посетено на 31 октомври 2012.
  7. „Резултати на Гран при Квебек“. Grands Prix Cyclistes. Grand Prix Cycliste Québec-Montréal, 2010–2011. Архивирано од изворникот на 2012-09-21. Посетено на 14 септември 2012.
  8. „Аргос-Шимано заокружен со Паризјен“. Cycling News. Future Publishing Limited. 26 октомври 2012. Посетено на 2 јануари 2013.
  9. Пит Косинс (22 март 2012). „Паризјен спринташе за победа на петтата етапа на Каталуња“. Cyclingnews. Future Publishing Limited. Посетено на 28 март 2013.
  10. Шејн Стоукс (22 март 2013). „Volta a Catalunya: Parisien nabs stage five win, Martin bolsters overall lead“. VeloNation. VeloNation LLC. Посетено на 28 март 2013.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]