Окситанската книжевност биле песни, поезија и литература во Окситанија што е денес југот на Франција, од каде потекнува поезијата на 11-ти и 12-от век, и која ја инспирирала традиционалната литература низ средновековна Европа. Овие стари поеми и песни со расцут во 12 век се добро познатите песни на трубадурите:
Песните на трубадурите се песни, поезија и раскази на трубадурите, кои биле композитори и изведувачи во текот на средниот век. Процут доживеале за време на 11 век и од јужниот дел на Франција се рашириле низ Европа. Нивните песни се занимаваaт главно со теми на витештвото и дворската љубов. Неколку утврдени категории на поезија и песна биле:
Песните на труверите се песни и поезија на поетски композитори кои биле под влијание на трубадурите, но нивните дела ги компонирале на северните француски дијалекти. Првиот познат трувер бил Кретјен од Троа (1160-1180),[1] а таквиот вид поезија цветал до околу 1300 година. Зачувани се околу 2130 труверски песни, а најмалку две третини од нив имаат мелодија.
Втората форма на легенда во Франција во текот на средниот век била епската поезија, делумно историска и делумно легенда со теми за создавањето на Франција, војната, кралството и важните битки. Овој жанр (на француски: chansons де geste) се јуначки песни посветени на херојските подвизи. Јуначките песни, во најголем дел му биле посветени на Карло Велики, и пееле за историјата и основањето на Франција од страна на Франките. Некои од легендарните и значајни теми биле:
Француски приказни, повеќе се познати по нивните книжевни отколку нивните народни, усни варијанти. Перо речиси сите свои приказни ги црпел од народни извори, но ги преобликувал да бидат погодни за публиката од повисоката класа, отстранувајќи ги нивните рустични елементи. Собирањето на народните приказни како такво започнало околу 1860 година, но било поплодно во неколкуте следни децении.
Убавицата и ѕверот - првата верзија објавена од страна на Габриела-Сузан Барбо де Вилнев, 1740.
Волшебната јаболкница
Гоблинско пони - оваа сказна е преведена на англиски во Сивата бајкозбирка на Ендру Ланг 1900.
Квакањето на патката (француски: Bout-d’-Canard) оригинално напишана од Шарл Марел во 1888 година, а преведена на англиски како Quackling во Црвената бајкозбирка на Ендру Ланг, 1890 година.
Славни самовили (француски: Les Fées Illustres), на англиски преведен во Жолтата бајкозбирка на Ендру Ланг, 1894 под наслов The Wizard King.
Легендата за Светиот грал. (француски: Lancelot-Grail, познато и како Prose Lancelot), е главниот извор на француската пишана легенда за кралот Артур. Тоа е серија на 5 тома во проза која раскажува за потрагата на Светиот грал како и за романсата на Ланселот и Жиневер. Во поголем дел легендата датира од раниот 13 век.
Матагот - дух во вид на животно, обично една мачка
Мелузин - женски дух на свежи води
Моргана - Во почетокот на Легендите на Карло Велики, најмногу е позната по поврзаноста со Холгар Дански, кого го зема на нејзиниот таинствен остров да ѝ биде љубовник. Кај Ион од Бордо, Моргана и Јулиј Цезар му се родители на Оберон.
Оберон - Кралот на самовилите. На почетокот на Легендите за Карло Велики, кај Ион од Бордо тој е син на Моргана и Јулиј Цезар.
↑Contes et légendes des pays de Loire ; Robert Vivier; Jacques-Marie Rougé; E Millet; Tours : Éditions Arrault, 1950.
↑Le Folklore de la Touraine, Arrault et Cie éditeurs, Tours (1re édition couronnée par l'Académie française en 1923 avec le prix Montyon, 2e édition revue et augmentée en 1943, 284 pages).