Јан Фредрик Берглунд (21 март 1979) е поранешен шведски професионален фудбалер кој играл на позицијата напаѓач. Ја започнал својата кариера во клубот на ИФ Елфсборг во кој бил најдобар стрелец на Алсвенскан во 2000 година, првата шведска лига, а потоа продолжил да настапува за холандска Рода Џеј Си, дански Есбјерг, дански ФК Копенхаген и норвешки Стабек пред да се пензионира во клубот Елфсборг во 2011 година. За репрезентацијата на Шведска одиграл 12 натпревари и постигнал два гола.
Берглунд ја започнал својата професионална кариера со Елфсборг и бил клучен играч заедно со Андерс Свенсон и Тобијас Линдерот.[1] Во сезоната 2000 тој бил најдобар стрелец на Алсвенскан лигата и привлекол голем интерес од странските клубови, а на крајот потпишал за холандскиот тим на Рода ЈЦ за договор од 750.000 евра.[1]
Берглунд имал тешки моменти во Холандија и по година и половина бил испратен на позајмица назад во Шведска во тимот на ИФ Елфсборг.[1] Се вратил подоцна во Холандија во тимот каде заминал и во преостанатиот дел од сезоната 2003-04 одиграл неколку натпревари.[1]
Во пролетта 2004 година Берглунд се преселил во данскиот суперлигаш Есбјерг кој за него платил рекордно обесштетување од 150.000 евра.[2] Својот прв натпревар го одиграл за тимот Есбјерг на 14 март 2004 година во натпреварот против Брондби ИФ на гостински терен [3] постигнувајќи два гола и три асистенции во победата која изнесувала 6:1.[3]
Берглунд играл две и пол години во Есбјерг пред да замине во данскиот шампион ФК Копенхаген, во летото 2006 година.[4] Тој одиграл само една сезона со клубот, играјќи вкупно 52 натпревари (Данска Суперлига, Куп на Данска, Кралска лига и Лига на шампиони на УЕФА ) и постигнал 18 гола.[5] Таму тој повторно играл заедно со поранешниот свој соиграч Тобијас Линдерот.[1]
На 26 ноември 2006 година, го подобрил рекордот на Ерик Бо Андерсен за најмногу постигнати голови, со 50 гола во данската Суперлига.[6] Андерсен одиграл вкупно 97 натпревари (Данска Суперлига, Куп на Данска, Кралска лига и Лига на шампиони на УЕФА) за да ги постигне 50-те гола, но Берглунд можел, со гол против Рандерс ФК, да го достигне резултатот од 50 гола во само по 93 натпревари, но не успеал и останал на 49 погодоци.[6]
Во пролетта 2007 година, ФК Копенхаген го донеле бразилскиот напаѓач Аилтон Алмеида чие доаѓање го истуркало настрана Берглунд од стартната екипа и кога клубот во летото 2007 година потпишала и со данскиот интернационалец Мортен Нордстранд, Берглунд одеднаш бил четврта или петта опција за едно од двете места во нападот на ФК Копенхаген. Неколку дена по пристигнувањето на Нордстранд, Берглунд се вратил во Шведска и потпишал уште еднаш со тимот на ИФ Елфсборг.[7] Трансферот бил пријавен дека изнесува 4,9 милиони ДКК, дански круни или околу 750.000 евра.[7]
Берглунд го одиграл својот прв натпревар за Елфсборг на 12 јули 2007 година кога влегол како замена во победата со 2:0 на домашен терен против екипата на АИК од Стокхолм[8]
На 31 март, десет минути пред полноќ и крајот на норвешкиот преоден рок, шампионот од 2008 година Стабек објавил дека потпишал договор со Фредрик како позајмица за време од една сезона.[9]
На 10 јануари 2011 година, Берглунд официјално го објавил своето повлекување од фудбалот како играч. Откако долго време бил надвор од теренот поради постојани повреди, Берглунд почувствувал дека повеќе нема мотивација да продолжи да игра.[10]
Берглунд одиграл 12 натпревари за репрезентацијата на Шведска и постигнал два гола.[11] Тој го имал својот прв натпревар во кој го постигнал и својот прв меѓународен гол со репрезентацијата на 10 февруари 2001 година против тимот на Тајланд во Купот на кралот 2001 година .[11] Одиграл вкупно 12 натпревари, а последниот интернационален натпревар за Шведска му бил на 15 ноември 2006 година во пријателски натпревар против тимот на Брегот на Слоновата Коска.[11]
Репрезентација | Година | Натпревари | Голови |
---|---|---|---|
Шведска | 2001 година | 3 | 1 |
2004 година | 1 | 1 | |
2005 година | 4 | 0 | |
2006 година | 4 | 0 | |
Вкупно | 12 | 2 |
Бр. | Дата | Место на одржување | Противник | Резултат | Резултат | Тип на натпревар | Навод |
---|---|---|---|---|---|---|---|
1 | 10 февруари 2001 година | Национален стадион, Бангкок, Тајланд | ![]() |
3–1 | 4–1 | Пријателски | [12] |
2 | 17 октомври 2004 година | Истер Роуд стадион, Единбург, Шкотска | ![]() |
4–0 | 4–1 | Пријателски | [13] |