Фрееров шаренец | |
---|---|
Научна класификација | |
Царство: | Animalia |
Колено: | Arthropoda |
Класа: | Insecta |
Ред: | Lepidoptera |
Семејство: | Шаренци |
Род: | Melitaea |
Вид: | M. arduinna |
Научен назив | |
Melitaea arduinna (Esper, 1783)[1] | |
Синоними | |
|
Фрееров шаренец (Melitaea arduinna) е пеперуга од семејството на шаренците.
Пеперутката живее во Јужна Европа (вклучително и Македонија) па сè до Алтајските Планини.[2] Живее на степски, полустепски предели. Распонот на крилјата на пеперугата е од 45 до 50 мм. Горната страна на пеперугата е портокалова. Рабовите се исшарани со бели дамки, а бордурата е црна. Крилјата имаат црни неправилни линии и дамки, кои варираат по големина и облик. Телото и антените се црни. Долната страна на крилјата е со портокалова боја (преден дел) и кремаста боја (заден дел). Повторно се видливи црните шари.[3] Ларвите се хранат со Centaurea, вклучително C. behen. Ларвата презимува.
|